17.8 C
Скопје
09:55 - 29 април, 2024

Италија бара 60.000 доброволци – ќе го надгледуваат држењето дистанца меѓу луѓето

Италија планира на улиците да испрати околу 60.000 волонтери кои ќе внимаваат на одржувањето на правилата за физичка дистанца и ќе ги предупредуваат луѓето да ги почитуваат тие мерки на превенција од пандемијата на коронавирус во фазата на укинување на карантинот и попуштање на рестриктивните мерки.

Министерот за регионални работи Франческо Бокиа најави ваков план поради растечките стравувањеа дека луѓето не се придржуваат доволно до мерките за дистанца и се опасно близу еден до друг на плажите, во баровите и во јавните продавници.

Волонтерите будно ќе ги наѕираат, „но и ќе бидат поттикнувачи на доброто однесување“, рече градоначалникот на Бари и претседател на Здружението на италијански градови Антонио Декаро за весникот Ла Република.

Министерот Бокиа најави дека волонтерите ќе дејствуваат под името „цивилни помошници“ и ќе носат сини маички. „Ќе бидат опремени со сила за убедување, аргументи и насмевка“, наведе министерот.

Повикот да дејствуваат како волонтери/чувари приоритетно ќе биде упатен кон невработените и корисниците на социјални примања, а во текот на неделата ќе го објави Агенцијата за цивилна заштита, наведе Бокиа на Фејсбук.

Италија беше силно погодена од пандемијата на коронавирус, доживувајќи во март врв на епидемијата, по што со недели опаѓаше бројот на заразени, а воведениот карантин во земјата практично заврши на 18 мај.

Бокиа во интервју за милански Ла Стампа рече дека владата го користи начелото на „морков и стап“, кое „делува“, но предупреди дека натамошното ублажување на мерките би било одложено во случај на несоодветно однесување на граѓаните.

Италијанските власти засега предвидуваат укинување на забраната за патување меѓу регионот на 3 јуни. Истиот ден Италија би ги отворила своите граници за туристите од земјите на ЕУ.

Во неделата во земјата беа забележани вкупно 32.785 смртни случаи поврзани со заразата ковид-19, респираторна болест која ја предизвикува новиот коронавирус, и вкупно 229.858 случаи на зараза.

The post Италија бара 60.000 доброволци – ќе го надгледуваат држењето дистанца меѓу луѓето appeared first on Слободен печат.


Италија бара 60.000 доброволци – ќе го надгледуваат држењето дистанца меѓу луѓето was first posted on мај 25, 2020 at 5:37 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....