16.8 C
Скопје
10:53 - 3 мај, 2024

Индиски полицаец носи коронавирус кацига додека ги запира граѓаните (ВИДЕО)

„Ако излезете, јас ќе влезам“! Полицаец во Индија на инвентивен начин ги предупредува граѓаните за коронавирусот (ВИДЕО)

Коронавирус-кацига како предупредување: Индиски полицаец на необичен начин ги едуцира граѓаните за Ковид-19

Полицаец во Индија користи инвентивен начин за инспирирање на граѓаните да држат меѓусебна оддалеченост, за да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот Ковид-19.

Раџеш Бабу, полицаец од Ченаи, носи посебно изработена кацига во облик на коронавирусот додека ги запира возилата и пешаците на контролните точки. Кацигата е покриена со црвени шилци со округли завршетоци, и изгледа како микроскопска слик од новиот сој на коронавирус, јавува Си-Ен-Ен.

Локален уметник познат како Б.Гаутам го смислил дизајнот на кацигата која воочил дека постои недостаток на свест на јавноста за пандемиските и превентивните мерки за вирусот.

– Граѓаните не внимаваат доволно на хигиената – смета Гаутам.

Додадва дека властите во Индија издале наредба да не се излегува надвор, но многумина не ја почитуваат, но и тие кои се надвор шетаат без заштитни маски на лицето.

Уметникот смета дека луѓето не ја доживуваат пандемијата сериозно, бидејќи вирусите се невидливи со „голо око“. Затоа одлучил да направи кацига која на граѓаните би им го предочило доаѓањето на вирусот.

Полицаецот Бабу сега ја носи неговата кацига кога запира луѓе во автомобили или на мотоцикли, а особено кога ќе види луѓе кои не носат маски за лице. Притоа им зборува за важноста за држење на социјална дистанца и носење на заштитна опрема за лице.

– Ако излезете, јас ќе влезам – им порачува полицаецот на незаштитените граѓани, алудирајќи на вирусот.

Во Индија досега има околу 1.000 заразени со коронавирус, а починаа 29 лица. Премиерот Нарендра Моди минатиот вторник им нареди на сите индиски држави да одат во своевиден карантин кој ќе трае најмалку 21 ден. Затворени се сите продавници, фабрики, канцеларии, пазари, верски објекти и градилишта, а запрен е и меѓународниот превоз. Работат само основните здравствени, прехранбени и противпожарни услуги.

The post Индиски полицаец носи коронавирус кацига додека ги запира граѓаните (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....