17.8 C
Скопје
10:08 - 29 април, 2024

И коронавирусот (зло)употребен во изборна кампања

Во битката за изборниот датум за парламентарните избори, меѓу власта и опозицијата коронавирусот ја игра главната улога. И покрај пораките на здравствените експерти дека оваа тема треба да им биде оставена на лекарите, не поминува ден без партиски злокобни пораки во името на здравјето на граѓаните.

И комуниколозите предупредуваат дека коронавирусот не треба да се злоупотребува во изборната кампања, бидејќи заразата кај луѓето предизвикува страв и паника. Комуникологот Бојан Кордалов неодамна изјави дека причина плус за тоа дека Ковид 19 не треба да се користи во изборната кампања е тоа што одговорноста за справувањето со пандемијата е споделена меѓу власта и опозицијата бидејќи во техничката Влада учествуваат сите политички партии.

– Во изборната кампања нема да биде занемарена и корона кризата односно начинот на кој што се справиле партиите, едните или другите. Но, многу е важно, да ги потсетиме партиите дека во широката, односно преодната Влада, учествуваат претставници од речиси сите политички субјекти. Таму седат и претставници и од власта и од опозицијата и треба да знаат дека оваа тема поврзана со кризата предизвикана од корона вирусот која е врзана пред се со здравјето не треба да бие предмет на полилтичките кампањи бидејќи сеуште предизвикува страв и паника кај луѓето. Оваа тема треба да се остави во рацете на здравствените работници и оние кои се стручни за справување со кризата предизвикана од Ковид 19.

А во пресрет на очекуваната трета лидерска средба за евентуален договор за изборниот датум СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и понатаму во костец за времето кога тие треба да бидат одржани. И денеска ВМРО-ДПМНЕ тврди дека избори во време на коронавирус се ризични за здравјето на граѓаните.

– Заев агитирал за избори кои го загрозуваат здравјето на граѓаните се со цел да го намалел поразот. Анкетите велат дека над 70 проценти од граѓаните се против брзи избори во јуни. здравјето мора да биде приоритет за одговорните политичари. Граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес, а кој за свои лични и теснопартиски интереси, стои во едно од двете партиски соопштенија на темата коронавирус.

Од друга страна пак владејачката СДСМ со став дека потребата од брзи избори е токму заштитата на здравјето на граѓаните, особено ако во предвид се земат стравувањата на релевантните светски здравствени институции за нова можна појава на вирусот наесен.

– Исплашени од извесниот пораз од граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се изборите да не се случат, а државата да западне во сериозна политичка криза која негативно ќе се одрази и врз економијата, но и врз здравјето на граѓаните.

Ако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови на изборниот процес, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Според СДСМ, наместо избори во септември, овој период мора да го дочекаме со целосен капацитет на институциите, подготвени за поефикасно справување со последиците од пандемијата.

The post И коронавирусот (зло)употребен во изборна кампања appeared first on Слободен печат.


И коронавирусот (зло)употребен во изборна кампања was first posted on мај 26, 2020 at 11:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....