7.8 C
Скопје
05:21 - 5 мај, 2024

Ѓулистана Марковска: Ако Мицкоски сакаше вистински да ја демократизира партијата, тоа ќе го направеше по неговиот нерегуларен избор за лидер

Врие во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од сите страни се слушаат барања за оставка на партискиот лидер Христијан Мицкоски. За последниот, трет последователен изборен пораз, голем број на екс функционери прстот го вперуваат во партискиот врв.

Поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска, за Слободен печат вели дека Мицкоски веќе знае дека му се ниша тронот поради загубените битки на локалните, претседателските и на предвремените парламентарни избори. Таа смета дека Мицкоски направил многу грешки, но за најголема ја посочува изјавата во која тој ги двои македонските гласови од останатите. Со тоа, според Марковска, Мицкоски им дал адут на помалите партии во Коалицијата „Обнова за Македонија“ да се одвојат и да формираат своја пратеничка група во Собранието.

– Најлошо до сега во настапите на Мицкоски е тоа што посебно ги брои гласовите на етничките Македонци на една страна и на друга сите останати во Македонија. Притоа заборава дека ги има и во сопствената коалиција. Во најмала рака тоа е шовинизам, бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ се згрижени многу пајтон партии кои на некој начин носат гласови, а меѓу избраните има и пратеници. Ова значи дека тој им отвора врата тие да си се издвојат во посебна пратеничка група бидејќи нивните гласачи ги смета за нерелевантни за т.н. успех на ВМРО-ДПМНЕ, вели Марковска.

Во своето прво медиумско обраќање по изборите, Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ победила на 15 јули.

– Коалицијата СДСМ – Беса имаше 10.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Доколку ги одземете четирите пратенички мандати на Беса ќе видите дека ВМРО-ДПМНЕ има за два пратенички мандати повеќе од Коалицијата која ја предводи СДСМ. Затоа велам дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет за формирање на новата влада, рече Мицкоски на прес конференција на 16 јули.

И додека ВМРО-ДПМНЕ тврди дека новиот партиски Статут е најдемократски во регионот, бидејќи по примерот на европските десничарски партии на членството, на органите и на партиските тела им се пренсесувале поголеми надлежности, Марковска смета дека Статутот е само фрлање коска пред членството. Според неа, доколку Мицкоски сакал вистинска демократизација, тогаш партијата ќе ја отворел веднаш по неговиот, како што вели, нерегуларен избор за претседател.

– Се она што сега Мицкоски го нуди со новиот Статут веќе го бараа реформатори внатре во партијата. Наместо да ги прифати, тој ги избрка. Па откако стави свои луѓе во целокупната партиска хиерархија, сега наводно партијата ја демократизира. Во секој случај тоа е позитивен исчекор за партијата, но со некој нов лидер, вели Марковска.

Синоќа Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го донесе новиот статут во кој меѓу другото не се предвидуваат почесни членови и почесни претседатели, Меѓу новините се непосреден избор во општинските комитети и кандидати за јавни функционери, како градоначалници и слично,

За одлуката на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно да го овласти Мицкоски да преговара за нова Влада, Марковска вели дека тој всушност, поради бројните грешки, треба да си поднесе оставка. Како грешки ги вбројува и одлуката на Мицкоски да не се обрати на изборниот ден и да не им се заблагодари на гласачите, но и грешка му е, вели Марковска и што толку бил убеден дека ќе ги добие изборите, што заборавил да смисли стратегија, што, доколку ги изгуби.

– Сега загубата за него е шок и не знае како да се извади. Ако на изборите говореше „одиме чекор напред“, тогаш загубата е чекор назад. Треба да ја реализира оставката која ја понуди – вели Марковска.

По низата апели за оставка на Мицкоски по поразот на изборите денеска се јави и поранешниот висок партиски функцонер Никола Тодоров кој порача дека на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се потребни и промени и обединување, бидејќи поделена и раскарана уште долго време ќе остане во опозиција.

– Ни треба силна, прогресивна, европска, централно-десна народна партија базирана на инклузивност, а не на исклучивост. Поставена на модерни постулати на умерен патриотизам, целосно ослободена од екстремниот национализам и популизам. Ни треба ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да го победи СДСМ, напиша во колумна Тодоров.

Пред тоа и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, но и пратениците во заминување, Никола Поповски и Даниела Рангелова побараа оставка од Мицкоски.

И според Љупчо Балковски поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ, а сега висок функционер на ВМРО-НП губитниците не треба да прават комбинации за новата влада, бидејќи СДСМ и коалицијата „Можеме“ е стожерот на идната влада.

The post Ѓулистана Марковска: Ако Мицкоски сакаше вистински да ја демократизира партијата, тоа ќе го направеше по неговиот нерегуларен избор за лидер appeared first on Слободен печат.


Ѓулистана Марковска: Ако Мицкоски сакаше вистински да ја демократизира партијата, тоа ќе го направеше по неговиот нерегуларен избор за лидер was first posted on јули 22, 2020 at 6:38 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....