12.8 C
Скопје
10:20 - 25 април, 2024

Ако немаме проблем, зошто да не си го направиме сами?

Концептот на ДУИ познат како “псе јо” можеби се покажа успешен за мобилизација на нејзините гласачи по етничка основа и максимизирање на нејзиниот изборен резултат, но може да се покаже погубен за конституирање на идната извршна власт и да ја втурне земјата во политичка криза и неопходност од нови избори во најнезгоден за неа момент (здравствена криза и почеток на преговори со ЕУ).

Доколку тоа не е свесен (а со тоа антидржавен и малициозен) план за кочење на Македонија во контекст на некои други регионални случувања што претстојат, ДУИ, ако има малку одговорност, па и образ пред меѓународните фактори, треба постепено да го релативизира и да го напушти, во интерес на државата. Наместо упорно да го форсира и да го бетонира, како што прави, па дури и да мобилизира сеалбанска поддршка во Македонија, за негово остварување. Тоа води во опасна насока, но не и кон остварување на овој етнонационалистички хир. Очекувам тоа прв да го согледа самиот кандидат за премиер Зибери, како одговорен човек, ако веќе не може или не сака ДУИ. А еве зошто.

Заев нема простор да се согласи на тој услов (иако Зибери е солиден политички материјал за функцијата) зашто би платил преголема политичка цена и затоа што тоа ја обесмислува целата негова досегашна работа. Од предводник на процесите СДСМ би требало да прифати улога на втора виолина, и тоа зад партија која беше активен дел од еден антидемократски режим, кој “паритетно” учествуваше во ерозијата на правната држава и институционализираниот криминал (за што и самиот Зибери многупати има зборувано). По евентуален неуспех на преговори со Заев за формирање влада поради условот “псе јо”, ДУИ може да се “усреќи” со втор обид за формирање влада со ВМРО ДПМНЕ и Левица, што би било забавно за гледање, но се разбира осудено на неуспех, со оглед на политичкиот хабитус на сите инволвирани.

Уште помали изгледи има третиот хипотетички обид со Зибери како мандатар, што само ќе води до продолжување на агонијата и нови избори, додека коронакризата и економската криза земаат замав и нови (видови) жртви, а европските интегративни процеси се ставени на чекање. Толкавата неодговорност и антидржавност верувам нема да остане несанкционирана.

Очекувам, како што реков, тоа прв да го согледа Зибери, и како одговорен човек да се повлече од планот во кој има “више дара него масти”. Ако тоа го направи, и тоа самоиницијативно, тоа него го прави сериозен кандидат за технички премиер на една широка, сенационална, композитна влада, со два приоритети (ЕУ и коронакризата) за која можеби ќе мора да се размислува, ако пропаднат другите обиди за составување влада, но тоа е веќе друга приказна.

The post Ако немаме проблем, зошто да не си го направиме сами? appeared first on Слободен печат.


Ако немаме проблем, зошто да не си го направиме сами? was first posted on јули 22, 2020 at 6:45 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....