20.8 C
Скопје
19:48 - 5 мај, 2024

Градоначалникот на Портланд излезе на улица со демонстраните, па се задуши од солзавецот (ВИДЕО)

Тед Вилер, градоначалник на Портланд, неколку пати остро ја критикуваше одлуката на Трамп во неговиот град се испрати сојузна полиција. Вилер ги обвини федералните сили дека „монструозно“ претеруваат со примена на сила.

Полицијата од Портланд соопшти дека протестите против расизмот и полициското насилство ескалираа по судирот со силите за безбедност и фрлање на запалливи средства кон зградата на еден суд.

Американските агенции, медиумите и социјалните медиуми беа преполни со снимки од федералните полициски сили како фрлаат солзавец врз демонстрантите. Меѓу нив беше и самиот градоначалник на најголемиот град во сојузната држава Орегон.

На една од снимките се гледа како градоначалникот Вилер на лица поради епидемиолошките мерки има заштитни очила за очите, но и така опремен, опкружен со другите, сериозно се гушеше во густиот чад од солзавецот. Некој му додаде вода, а друг довикна: „Како ти се допаѓа ова, Теди?“.

Вилер претходно не се ангажираше многу околу доведувањето во ред на своите полциски сили. Сепак, по одлукат ана Трамп пресече и излезе на улица со демонстрантите. Состојбата на улиците во Портланд на нарече „вистинска урбана војна“.

„Нивната присутност овде предизвикува уште повеќе насилство и повеќе вандализам“, рече Вилер за Си Ен Ен.

Проблематично беше тоа што и сојузните полицајци демонстрантите ги пикаа во неозначени возила и на граѓаните не им се легитимираа. Вилер ваквото постапување го нарече „противуставно“. Претседателот Доналд Трамп, сепак, и покрај волјата на локалните власти, најави распоредување на „стотици“ сојузни полицајци во други делови во САД, првенствено во Чикаго.

 

 

The post Градоначалникот на Портланд излезе на улица со демонстраните, па се задуши од солзавецот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Градоначалникот на Портланд излезе на улица со демонстраните, па се задуши од солзавецот (ВИДЕО) was first posted on јули 23, 2020 at 7:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....