26.8 C
Скопје
15:30 - 29 април, 2024

Европско првенство на патриоти

Најпатриотската спортска репрезентација на Македонија, се разбира дека мислам на ракометната, уште еднаш се покажа во вистинско светло. Тие не се европски, туку светски прваци во патриотизам.

Нашите ракометари се апсолутно најфренетичните изведувачи на националната химна. Пеат на цел глас, ја подвикнуваат последната строфа и ги акцентираат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански. Навистина прекрасна изведба на химната произведена од грлата на репрезентативците на Македонија.

Не треба да се заборави ниту пак на знамето со „Ѕвездата од Вергина“, што еден од македонските репортери во Виена успеа да го фотографира во соблекувалната на репрезентацијата. Нели е тоа доказ повеќе дека за селекцијата настапуваат само патриоти. Дека тоа се чистокрвни Македонци, кои си ја сакаат државата и кои ќе остават „срце на терен“ за Македонија и дека ќе „изгинат“ до последен исто така за Македонија.

И да се знае дека тие не настапуваат за Северна Македонија, како што претходно не играа за БЈРМ, туку секогаш исклучиво за Република Македонија.

Но, за жал, патриотизмот не носи бодови. Пеењето на химната не се оценува, ниту пак одбивањето да се почитува придавката „Северна“, ниту на некој на Европското првенство во ракомет му е битно под какво знаме се подготвуваат нашите ракометари. На крајот од секој натпревар се бројат само головите. Или користејќи го јазикот на струката – „победник е оној што ќе клава повеќе голови“.

Секако дека ракометарите имаат право да бидат патриоти. Да си ја сакаат земјата и да имаат сопствени политички ставови, кои ќе можат слободно да ги изразуваат. Но, на ракометните натпревари само со патриотизам нема да можат да направат ништо особено. Тоа можеше да се види веќе на првиот натпревар од шампионатот против аутсајдерот Украина, каде што победата беше осигурана само поради одличното издание на резервниот голман Никола Митревски, кој на волшебен начин им ускрати барем четири гола на Украинците.

Но, на дуелот со Чешка, ниту Митревски ниту „министерот“ не беа расположени за магии, па поразот беше неминовен. Во одбраната тешко се бранеа бековските шутеви на противникот, а во нападот без идеја се „испукуваа проектили“, кои најчесто завршуваа во аут.

Шанси за пласман во наредното коло постојат. Триумф над Австрија од најмалку два гола разлика ја носи Македонија во четвртфиналната група, што секако дека ќе претставува голем успех. Секако дека шансите се реални и дека нашите ракометари се кадарни да се изборат со предизвикот. Патриотизмот не е на одмет, а ако мораат и нека паѓаат во несвест на химната, но кога ќе почне натпреварот, нека пробаат да одиграат и некоја акција, па по барем пет проигрувања пред противничкиот гол да се обидат да го загрозат голманот. Едноставно да покажат дека нешто работеле на подготовките.

The post Европско првенство на патриоти appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....