16:57 - 31 март, 2026

ДОБИЛА 27 МИЛИОНИ ФУНТИ НА ЛОТО, ПА СЕ САМОУБИЛА: „Парите ми го уништија животот!“

56 -годишната Маргарет Лофри била пронајдена мртва дома, откако најверојатно си го одзела животот. Имала освоено 27 милиони фунти на лотарија, но она што за многумина би било доживотен сон за Маргарет се покажало како кошмар. 

Маргарет Лофри, позната како Меги Милионс, пред два дена била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Белфаст во Северна Ирска – скромно живеалиште во кое избрала да живее и покрај мулти-милионската добивка која ѝ се случила пред 8 години.

Маргарет го купила добитничкиот лоз додека се враќала од агенција за вработување каде отишла да аплицира за да си најде работа, во времето кога живеела со субвенција од само 58 фунти неделно.

Овој неверојатен „удар“ на среќата ѝ го донел името Меги Милионс, но жената отсекогаш се грижела за сиромашните како неа, па донирала дури половина од сумата во добротворни цели. Со останатите пари купила бунгалов, мал ресторан и стара воденица – трансформирајќи го местото во центар за одмор.

Но, не ѝ се допаднал нејзиниот нов живот: „Ако има пекол, јас би била таму. Жалам што освоив пари на лотарија. Претходно бев среќен човек, но добивката ми го уништи животот “, своевремено рекла таа во едно интервју.

Жената живеела сама, немала ни сопруг ни деца. Во последните години ѝ останале 5 милиони фунти, бројка што сепак дава доволно голем простор за благосостојба и убав живот.

Веста за нејзината смрт ја шокираше јавноста, особено нејзините сограѓани кои велат дека Маргарет постојано повторувала дека сите тие пари немаат смисла ако треба да биде сама и кратко по добивката почнала да има проблеми со алкохолизмот.

Причините за смртта на Маргарет не се познати и засега полицијата не излегла со прецизен извештај, но изгледа дека е многу веројатно Маргарет да избрала да си го скрати животот.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....