07:54 - 12 ноември, 2026

Д-Р ЕЛЕНА СО РЕВОЛТ: Дали инфлуенсерки со фб диплома ќе бдеат над здравјето и животот на вашите деца

Денес на социјалната мрежа „Фејсбук“ кружи РТГ фотографија на бели дробови од дете која ја објави педијатарката Елена Манолева-Николовска која со револт им се обрати на родителите!

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

„Пред неколку дена ја гледам оваа Ртг слика на бели дробови од дете. Масивна пневмонија со масивен плеврален излив.

Не, не, не се секирајте… нема да ве гњавам за Ковид. Се работи за потврдена туберкулоза, кај поголемо дете со позитивна анамнеза за туберкулоза во семејството, невакцинирано со БСГ.
Вчера ми доаѓа мајка со 18 месечно дете, гордо ми кажува дека детето се уште не е вакцинирано ништо од родилиште па навака вклучувајќи и БСГ која се прима во родилиште. За ДТП, Полио не правиме муабет нели!?

За МРП… Ма како, па тоа предизвикува аутизам. Што ви е на Вас… лудаци доктори.
Нејсе… Ова дете ќе преживее, ќе се лечи 6-12 месеци и ќе се излечи. Но… фиброзата (лузната) на белите дробови ќе ја носи цел живот и кога тогаш ќе направи проблеми во дишење, белодробен капацитет итн. ( да не гњавиме ние докторите нели со нашата наука).

Си седам и си мислам: имам уште најмалку 20 години работен век пред себе како педијатар. Се прашувам за колку време од сега ќе почнам да гледам дифтерија, пертузис, полиомиелитис и смрт и осакатеност од овие болести кај децата и општата популација. Највероватно брзо, како тргнало за 5-10 години од сега.

Како и да е … главните инфлуенсерки на фб со медицинска диплома стекната на Гугл рекоа дека не е безбедно да се вакцинираме.

Ние не можеме да реализираме и да постигнеме успешна и комплетна вакцинација на основните смртоносни и животно загрозувачки болести кај децата, па правиме муабет за Ковид и вакцинација од Ковид кога родителите на овие деца се потенцијалните примачи на вакцини.

А сега може да се вратите на вашите инфлуенсерки. Чисто се сомневам дека тие ќе ве држат за рака додека во болница бдеете над здравјето и животот на вашите деца.

Бидејќи во отсуство на добро организиран здравствен и правен систем само тоа и ви останува“, напиша таа.

Слични објави

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.
Се вчитува....