16.8 C
Скопје
20:10 - 27 април, 2024

Денко Малески предложи, Захариева веднаш прифати!

Само два дена потоа откако македонскиот претседател Пендаровски се огради од „предлогот“ на Малески за кој се шпекулираше дека е „пробен балон“ надуван од страна на македонската власт, МНР на Бугарија, Захариева исто така на ТВ емисија ќе изјави: „Ние имаме интерес тие да ја признаат историјата, а истовремено, ние да ја признаеме реалноста во моментов. Тоа е взаемен интерес“, кажа Захариева.
Дали со тоа таа ја прифати „понудата“ на Малески како официјална понуда на македонската „страна“, или само ја префрли топката на одлука кај нашите сеуште е неизвесно, како и тоа дали оваа „непристојна“ понуда ќе бибде прифатена.
Кај нас засега нема официјална рекација. Единствено ВМРО ДПМНЕ побара лидерска срдба на која ќе се разговара за ова прашање на која се очекува да биде постигнат консензус. СДСМ начелно го прифати предлогот на опозициската партија, но терминот на одржувањето да биде на друга средба, а не на онаа закажана за средината на мај кај претседателот на државата.

Македонија е на дофат на добивање датумза почеток на преговори со ЕУ. Нешто што неколку децении е централен политички па и национален интерес на Македонците и на сите граѓани на сега Северна Република Македонија. Бугарија имајќи го тоа предвид во последен миг сака да ја искористи можноста и со максималистичко уценување да ја принуди на неразумен компромис- национално да се самонегира и како аморфна маса да влезе во Унијата. Тензиите во земјта се креваат до точка на вриење.
Историчарите, политичарите, новинарите, експертите, правниците, граѓаните, селаните. Сите полни со гнев и со своја вистина за историјата, за македонштината за бугарскиот врховизам, комунизам и фашизам. Така со децении. Со книги и цитати, по весници, и телевизии, на семинари и конференции, на дебати и трибини. Тие нивното, ние нашето. Никако до компромис. Но тогаш беше лесно. Никој не не бркаше. Но сега времето се стесни. Сега имаме пред нас извесна иднина! Членство во Унијата, кога, тогаш, и рамноправен однос со оние кои со векови не негираат. За името, за презимето, за нацијата, за јазикот, за државата, за потеклото…Значи има нешто за кое вреди да се размисли…
И сега одеднаш! Можно ли е Бугарија, со која потпишавме Договор за пријателство да не изигра на подмолен начин и да ја одигра улогата на Грција своевремено и да ни постави вето на само броени денови пред конечната одлука во Брисел.
Власта тврди тоа не е можно. Но во политиката се е можно зашто сите се водат од своите интереси и за нив сите средства се допуштени. А во Унијата принципот на консензус е посилен од се!
Соочена со ваков исход при гласањето во советот на европа Северна Македонија нема многу избор. Како впрочем и порано.
Од што можеме во овој случај да се откажеме? Што ни остана?
За многумина нема веќе отстапки, не даваме веќе ништо! Но секогаш има и многумина кои се обидуваат да најдат компромис и тогаш кога се чини дека нема избор. Велат секогаш има избор.
Веројатно со таков дух поранешниот министер за надворешни работи и професор Денко Малески се охрабри да најде компромис во навидум неможното; да го даде минатото за да ја добие европската иднина на земјата! Вака го толкувам професорот Денко Малески со неговите последни изјави за тоа дека ние сме биле некогаш еден народ со Бугарите.
Во последните медиумски настапи Малески всушност и го антиципира она што набргу ќе го направи.
Во својата последна колумна тој пишува : „Овој пат, вистината е нашиот најсилен адут. Фактот дека нашата млада словенска нација и јазик се признаени секаде во светот е предноста која ја имаме визави Бугарија која врз основа на минатото, всушност, бара ревизија на нашата сегашност“.
Па според тоа смета Малески, подобро ревизија на минатото за да ја сочуваме сегашноста. Па вели:  „Имено, премногу е од нас да се бара ревизија на нашата сегашност заради минатото на кое ниту сме влијаеле ниту можеме да го промениме“.

Очигледно за Малески нема дилема дека ние сме реалност како нација, а нашиот јазик е македонски. Тој од тоа воопшто не се откажува, напротив се обидува да го наметне како де факто и де јуре онтолошка реалност од која тој не е подготвен да се откаже заради историјата, заради минатото. Но ако тоа им е важно на неразбраните Бугари, ете им го, како да вели Малески. Нам дајте ни го јазикот и сегашноста на постоење на ова македонска нација.
Тоа и експлицитно ќе го каже во емисијата „Слободна зона“ на една бугарска телевизија. „Токму тоа дека сме биле еден народ но дека сега веќе не сме, дека сме два различни народи со два различни јазика кои влегуваат во една заедничка перспектива во ЕУ“.

Па оттаму и конкретниот предлог до бугарската страна: „Македонската страна треба да се соочи со објективната историска вистина дека сме биле еден народ, а бугарската страна треба да се соочи со реалноста на соврменото постоење на македонската нација и македонскиот јазик“.

Македонската јавност остро реагираше на ваквиот став на професорот Малески, а веројатно под тој притисок и Пендаровски почуствува потреба да се огради од својот советник.
Но пораката стигна очигледно на право место, во право време. Бугарската министерка за надворешни експресно реагираше со прифаќање на понудата повторувајќи ги речиси истите зборови на Малески, дополнувајќи ги со ветување дека Бугарија нема да прави проблеми за почнување на преговорите со Унијата.
Дали тоа ќе биде доволно за постигнување консензус јавноста набргу ќе биде информирана, но по се изгледа дека тоа тешко ќе се случи ако се имаат сосема спротивните ставови на двете најголеми партии по сите клучни прашања од меѓународната политика, а кои се од витален национален интерес.
На консензус повика истиот тој Малески кого ВМРО сега го сатанизира.

„Ако се повтори приказната со името, кога власта и опозицијата взаемно се подриваа за да победат на избори наместо да го бараат најдобриот можен компромис, повторно ќе заглавиме.“

 

The post Денко Малески предложи, Захариева веднаш прифати! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....