13.8 C
Скопје
04:57 - 2 мај, 2024

ДАЛИ НИ СЕ ПОДГОТВУВА НОВА КАТАСТРОФА? Во Кина откриен случај на бубонска чума, издадено предупредување од трет степен

Властите на градот Бајан Нура во кинескиот автономен регион Внатрешна Монголија издале денеска предупредување до населението, еден ден откако болницата објави случај на сомнителна бубонска чума.

Здравствената комисија на градот Бајан Нура издаде предупредување од трет степен, во четиристепениот систем.

Предупредувањето се однесува на забраната за лов и консумирање животни кои можат да бидат заразени од чума. Жителите се повикуваат да ги пријават сите случаи осомничени на чума, како и појава на случаи на треска без јасни причини.

Властите ги повикуваат жителите да известуваат за видот на болни или мртви глодари.

Предупредувањето уследи откако беа пријавени четири случаи на чума кај населението на Внатрешна Монголија во ноември минатата година, вклучувајќи два случаи на пневмонична чума, повеќе смртоносна верзија и сериозна болест.

Бубонската чума, позната во средниот век како „црна смрт“, е исклучително заразна и најчесто смртоносна болест која се шири од глодарите.

Епидемијата „црна смрт“ во 14 век резултираше со смрт на 30 до 60 проценти од населението во Европа.

Избувнувањето на чумата во Кина не е невообичаено, но нејзините епидемиски размери стануваат се поретки. Од 2009 до 2018 година, земјата пријавила 26 случаи на инфекција со бубонска чума и 11 смртни случаи.

The post ДАЛИ НИ СЕ ПОДГОТВУВА НОВА КАТАСТРОФА? Во Кина откриен случај на бубонска чума, издадено предупредување од трет степен appeared first on Слободен печат.


ДАЛИ НИ СЕ ПОДГОТВУВА НОВА КАТАСТРОФА? Во Кина откриен случај на бубонска чума, издадено предупредување од трет степен was first posted on јули 5, 2020 at 8:50 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....