21:40 - 7 септември, 2026

Неконвенционално родителство: Нема лекови, нема вакцини, нема училиште, нема правила… (ВИДЕО)

Овој начин на родителство подразбира децата да се третираат како возрасни и да ги носат сите одлуки самостојно, без оглед на нивната возраст.

Адел Ален (36) од Велика Британија стана позната во јавноста кога нејзината ќерка изврши „мала нужда“ во студиото за време на снимањето на јавна емисија, а сега ги откри сите необични навики и начини на одгледувањето на своите деца и стана една од најконтроверзните мајки, пренесува „Сан“.

Нејзиниот сопруг Мет (36) и таа имаат три деца, Улисес (6), Остара (4) и Кај (1), кои ги воспитуваат на начин на кој сите одлуки за својот живот децата ги донесуваат самостојно. Но, Адел откри уште една работа, почнала да ги дои своите деца пред 10 години и сè уште не престанала, бидејќи ги дои најмалку до шестата година. Таа не верува во замените на мајчиното млеко. Најмногу проблеми имала со Улисес, затоа што тој не сакал да го прифати нејзиното млеко, но таа се потрудила тој, сепак, да јаде. Но Адел доби најмногу критики кога откри дека сè уште го дои својот шестгодишен син.

принтскрин

Мет исто така доби многу критики кога откри дека смета дека работењето не му е во план, туку дека тој и неговото семејство се среќни затоа што живеат од помошта на државата.

– Главно тоа е помош, но ние земаме најмалку пари, само за сместување и за децата. Мислам дека тоа се 190 фунти неделно. Навистина мислам дека не го искористуваме системот – рекол Мет.

Адел и Мет им дозволуваат на децата сами да одлучуваат за себе, вклучувајќи го и времето кога ќе одат на спиење (често околу полноќ), дали да ги измијат забите (понекогаш) и дали воопшто да одат на училиште (никогаш). Децата, без оглед на возраста, се третираат како возрасни, па сами одлучуваат што да прават со својот ден. Нивните деца не примиле никакви вакцини, затоа што Адел не верува во нив, туку вели дека ќе го примаат само она што мораат доколку одат во земја погодена од маларија.

Кучето го храни со своето млеко

Тие исто така не веруваат ни во болници, но признаваат дека би отишле на лекар само ако е во прашање живот и смрт.

– Децата би ги однела во болница само ако е итно и мислам дека не можам сама тоа да го решам. Телото има свој имунолошки систем за борба против болестите и јас верувам во тоа – рекла Адел.

Покрај контроверзиите со одгледувањето на децата, Адел ги шокираше луѓето кога откри дека таа на кучето му го дава своето млеко додека е болно, како лек за неговите проблеми.

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Villa Diva е новата омилена локација за свадби и евенти – резервирајте си термин навреме

Еспресо

Светот дозна која е Сири – ова е жената со најпопуларен глас

Еспресо

(Фото) Мебел што не излегува од мода – изберете квалитет од масивно дрво со Wood Room“

Еспресо

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо

(Фото) Кога сакате подарок поинаков од сите други, изберете рачно изработени свеќи со цветни мотиви

Еспресо
Се вчитува....