15.8 C
Скопје
08:01 - 2 мај, 2024

Д-р Солески: Примарното здравство многу добро се справи со првиот налет на Ковид-19 (ВИДЕО)

Пандемијата од КОВИД-19 го смени лицето и начинот на општата медицина. Овој период е тежок за работа како семеен матичен лекар, но мислам дека генерално и примарното здравство, кое што е многу важен сегмент во здравствениот систем, во овој период многу добро се справи со оваа ситуација.

-На почетокот контактите беа многу лимитирани – видео консултација, меил и на тој начин ги одрживме консултациите. Но, со намалување на рестриктивните мерки, ние започнавме со користење на целосна заштитна опрема да извршуваме прегледи, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Кирил Солески, здравствена установа СеМед.

-Се уште постои препораката дека треба прво телефонски да утврдиме за степенот на проблемот. Потоа може и на електронски начин, но доколку е потребно ние сме отворени за преглед, консултација, особено за возрасните пациенти со хронични заболувања, коморбитети.

-Заштитната опрема која е потребна за преглед на пациент кој што има знаци на КОВИД-19, навистина многу го оптовари буџетот на здравствените установи на примарно ниво. За жал ние како здравствени установи во многу мала мера добивме некаква помош.

-Има граѓани кои ги почитуваат мерките, има дел кои не го прават тоа и затоа не можам да дадам генерална оценка. Сметам дека и понатаму треба да се пренесуваат пораките како да се сопре вирусот од понатамошно ширење, вели Д-р Кирил Солески.

 

The post Д-р Солески: Примарното здравство многу добро се справи со првиот налет на Ковид-19 (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Д-р Солески: Примарното здравство многу добро се справи со првиот налет на Ковид-19 (ВИДЕО) was first posted on јули 14, 2020 at 9:46 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....