35.2 C
Скопје
14:57 - 1 август, 2026

Избегнувајте го компирот, го зголемува крвниот притисок

Високиот крвен притисок или хипертензија погодува сѐ поголем број луѓе. Може да доведе до смртоносни компликации, вклучувајќи мозочен и срцев удар. Оваа состојба може да се спречи со правилна исхрана и со вежбање, а научниците дошле до заклучок дека ризикот значително се намалува ако го редуцирате јадењето компири.

Четири оброци со компири неделно, без оглед на нивниот начин на приготвување, доведуваат до 11 отсто зголемување на ризикот од висок крвен притисок, во споредба со јадење помалку од еднаш неделно кај жените, покажува истражувањето на научниците од Харвард. Тие, исто така, откриле дека мажите и жените што јадат повеќе од четирипати неделно пржени компири, имаат 17 отсто поголем ризик од висок крвен притисок.

Според истражувачите, замена на еден оброк компири дневно со други зеленчуци без скроб, го намалува за 7 отсто ризикот од висок крвен притисок. Лекарите утврдиле дека најверојатно причината за односот помеѓу компирите и високиот крвен притисок е високиот гликемиски индекс (GI) на коренот. Храната со висок гликемиски индекс ослободува енергија побрзо и од таа причина побрзо го зголемува нивото на шеќерот во крвта.

Јадењата со висок гликемиски индекс се поврзуваат со лошо функционирање на клетките во телото, оксидативниот стрес, воспаленијата и сите потенцијално важни механизми за развојот на хипертензијата.

Најдобрата замена за компирот, според лекарите, е цвеклото. Тоа содржи нитрати, кои помагаат при ширењето на крвните садови, а потоа и го намалуваат крвниот притисок.
Покрај цвеклото, во борбата против хипертензијата може да помогне и јогуртот. Поради високата содржина на калциум, магнезиум и калиум, јогуртот има позитивен ефект на состојбата на високото ниво на крвниот притисок. Редовното пиење јогурт може да го намали ова ниво до 20 отсто.

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Елеганција, природа и незаборавни моменти – Villa Diva е совршен амбиент за незаборавна моминска вечер

Еспресо

(Фото) Паметна инвестиција: Зошто мебелот од Wood Room е вистински избор?

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо
Се вчитува....