17.8 C
Скопје
10:14 - 29 април, 2024

Андоновиќ: Вучиќ призна дека е пропуштена шансата за компромис со Приштина поради што Србија ќе ја плати цената

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ја пропуштила шансата да постигне компромис со Приштина и дека поради тоа Србија во иднина ќе мора да ја плати цената.

Говорејќи за една од белградските телевизии Вучиќ посочи дека зад воведените такси на српските производи на Косово всушност стои една моќна европска држава која имала за цел да го отцепи Косово од Србија и така ја намали моќта на оваа балканска држава.

Изјавата на Вучиќ се однесува за таканаречениот американски план кој изминативе месеци беше предложен а опфаќаше демаркација на границата меѓу Србија и Косово односно размена на територии. Американците гледајќи дека Белград и Приштина не можат да се договорат околу идниот статус го предложија овој план кој опфаќаше Српска Северна Митровица и останатите населени места на Косово со Срби да отидат во границите на Србија додека Прешевската долина односно Прешево, Медведја и Бујановац кои се во границите на Србија да преминат под косовски суверенитет.

Овој договор беше подржан од претседателите Вучиќ и Тачи кои сепак не можеа да се спротистават на Европската Унија која изврши притисок и го оневозможи планот. Европа е ранлива особено по Брегзитот и стравуваше дека при евентуална промена на границите на Балканот тоа може да влијае и врз останатите европски земји.

Изјавата на Вучиќ може да се протолкува и како алиби пред граѓаните на Србија, но и нивна подготовка бидејќи се поизвесно е скорешно признавање на косовската независност, смета новинарот Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Вучиќ во пресрет на изборите во април најверојатно сака да го намали евентуалниот удар кој би дошол со фактот дека иако целиот свој мандат ветуваше дека Косово е Србија сега токму во пресрет на изборите ќе мора да го признае фактот дека Косово е независна држава.

Во Утрински брифинг се разговараше и на тема Сирија и тамошниот сепоизвесен судир помеѓу турските трупи и сириската армија подржана од Русија, што на сериозен тест го става досегашното блиско сојузништво помеѓу Анкара и Москва.

The post Андоновиќ: Вучиќ призна дека е пропуштена шансата за компромис со Приштина поради што Србија ќе ја плати цената appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....