37.8 C
Скопје
16:18 - 22 август, 2026

Спас во последен час: Од преварениот зеленчук можете да подготвите вкусен оброк

unsplash

Сигурно ви се случило да се решите да подготвите здрав оброк од зеленчук, но обидот завршува катастрофално поради една мала грешка со времетраењето на готвењето. Иако нема ништо полошо од преварен зеленчук и во прв миг помислувате да го фрлите, не се откажувајте, искористете некоја од следните идеи и подгответе поинаков оброк.

Без разлика дали сакате да потпечете карфиол, бланширате тиквички, да сварите брокули или само да обарите на пареа шпаргли, ако го погрешите времето на нивното готвење, може да дојде до кулинарска катастрофа. Еден од триковите кој искусните готвачи го користат во ваква ситуација е префрлање на преварениот зеленчук во „ледена бања“ т.е. сад со вода и мраз, за да се сопре процесот на готвење и малку да се стврдне зеленчукот. Но, овој метод успева само со обарен зеленчук, а не и со бланширан или грилуван. Ако при готвење ви се случи зеленчукот да е толку мек што му нема спас, не откажувајте се од него, бидејќи сè уште имате неколку опции.

Сварете супа

Преварените брокули, тиква, моркови ве тераат да ја отворите кантата и да ги фрлите во неа. Но наместо тоа, сетете се на еден магичен збор – супа. Според искусните кулинари, нема подобар начин да го искористите преварениот и омекнат зеленчук и да го спасите оброкот. Само префрлете го зеленчукот во блендер и за секои две чаши сварен зеленчук, додајте околу една чаша вода (или растителна супа). Потоа додајте потпржен кромид или лук, за екстра вкус, па вклучете го блендерот и миксирајте додека добиете хомогена смеса. На крај зачинете со сол и црн пипер. Ако сакате уште побогат вкус на супата, збогатете ја со екстра додатоци како крем за готвење, лимонов сок, зачини по ваш избор. Мелен црвен бибер или рендан ѓумбир ќе ѝ даде поинтензивен вкус на супата од тиква или моркови. Искусните готвачи препорачуваат семе од ким или кари во прав за супа од карфиол. На крај послужете ја супата во мали длабоки чинии, декорирана со рендан кашкавал, крцкави кубети, свежи тревки како магдонос, целер и сл.

Подгответе гратин

Гратин е јадење од потпечен зеленчук со некој кремаст сос, лебни трошки и кашкавал, а најважно е горе да има крцкава коричка. Токму ова јадење може да ви помогне да го спасите кој било преварен зеленчук, без исклучок. Прво земете огноотпорен сад и подмачкајте го со путер или масло, а рерната вклучете ја на 200 степени. Во садот префрлете го зеленчукот исцеден од вишок вода и додајте половина чаша крем за готвење на секои 450 г зеленчук. Слободно можете да додадете и додатоци по ваш избор како пршута, чадена шунка и сл., бидејќи гратинот е јадење за кое важи правилото „повеќе е повкусно“. Потоа најгоре посипете со половина чаша рендан кашкавал, ама изберете некој вкусен и со богат вкус, како гриер. На крај посипете со лебни трошки и ставете го јадењето во рерна да се пече околу 4-5 минути, односно додека лебните трошки добијат кафеава боја и станат крцкави, а кашкавалот се стопи. Со малку труд на крај од преварен зеленчук, добивте јадење во кое ќе уживаат сите и никој нема да се посомнева дека е дело на една мала кулинарска грешка.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Јована Јеремиќ се огласи откако сопственик на дуќан ѝ „подари половина продавница“

E.A.

„Немаше финансии да ме поддржи, но ме туркаше напред“: Ивона Јо со нераскажана приказна за покојниот татко

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.

Теодора Џехверовиќ по грешка објави приватна фотографија од бањата

E.A.
Се вчитува....