14:52 - 7 ноември, 2026

„Син му е пет години помлад од мене, има и внука“: Јована Јеремиќ изнесе нови детали за врската со богатиот пекар

Српската водителка Јована Јеремиќ неодамна ја откри врската со бизнисменот по неколку месеци гледање. Таа на својот Инстаграм првпат го претстави партнерот, бизнисменот Драган Станковиќ, а сега ги раскажа и деталите од нивната романса.

„Го познавав од видување, тој неколкупати се фотографираше со мене на некои настани, ми покажа колку фотографии има со мене. Со години сум го привлекувала“, изјавила Јована.

„Се запознавме на роденденот на еден пријател. Потоа го натерав мојот пријател да му се јави и да го праша кога е роден, кога рече дека е роден во август и дека е Лав во хороскоп, тоа беше тоа. Јас го поканив на рандеву, да дојде кај мене. Тогаш не можеше, но се договоривме за друг ден, излеговме четири пати. Не му беше лесно. Знаеше што го чека, мораше биде сигурен дали сака јавна врска. Тој е одговорен човек“.

„Тој има два големи сина, едниот е пет години помлад од мене, а другиот десет години. Има внука“, раскажала водителката.

Таа истакнува и дека е во одлични односи со неговото семејство.

„Јас имам среќа со сите свекрви, сите свекрви ме сакаат“.

Инаку, Драган поседува фабрики и пекарници.

„И тој не само што е богат, тој е и успешен и почитуван. Со таква жена оди и таков маж“.

 

.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....