6.8 C
Скопје
05:10 - 27 април, 2024

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

Принцот Алберт од Монако во најновите таблоидни написи е опишан како „слаб“ лидер кој „користи пари за да купи мир во семејството“.

Поранешниот сметководител на Алберт, Клод Палмеро, кој ги водеше неговите сметки повеќе од 20 години, зборуваше за финансиските работи на принцот и неговата сопруга Шарлин. За ова пишува Дејли мејл.

Досието кое ги открива „тајните тетратки“ на Клод Палмеро, кој беше задолжен за финансиите на палатата повеќе од две децении и беше доверлив човек на принцот Алберт, откри запрепастувачки наводи за финансиите на кнежевското семејство.

Клод доби отказ минатото лето. И од тој момент, во јавноста се појавија скандалозни детали за животот на Алберт и Шарлин.

Фотографиите, споделени од францускиот весник Ле Монд (Le Monde), ги прикажуваат навиките на Шарлин за трошење. Така, за крштевањето на нејзините деца, близнаците Жак и Габриела потрошиле околу 600.000 фунти, а нејзините трошоци изнесуваат повеќе од 1 милион фунти годишно.

Сега, зборувајќи за „Татлер“, еден од новинарите кои ја објавија приказната рече дека Шарлин има „луда желба да троши пари“, кои сопругот ѝ ги дава за да го одржи мирот во семејството.

Новинарите во Франција и Монако рекоа дека принцот Алберт (65) е „слаб човек“ кој не сака конфронтација. И затоа тој е подготвен да ги плати сите трошоци на неговата сопруга за да ја зачува крај себе и да нема немири и кавги во нивната фамилија.

Шарлин најмува илегални имигранти, како што објави и Клод. Еден вработен од Филипините повеќе од пет години работел на црно во кнежевската куќа и покрај тоа што имал само едномесечна туристичка виза. И тој земал по 100 евра дневно плата за да ја опслужува Шарлин. Дадилките на децата на Алберт и Шарлин исто така работеле „на црно“.

„Не само што се тука илегално, туку влегле во Монако и со лажни пасоши“, објави Палмеро.

Жерар Дејвет, истражувачки новинар за Ле Монд, рече: „Принцот Алберт вели ‘да’ на сè. Шарлин е многу осамена во палатата; така што нејзината најдобра пријателка веројатно се парите на нејзиниот сопруг“.

Тој додаде дека единствената личност која некогаш се мешала во трошењето на Шарлин е Клод Палмеро, кој поднел неколку тужби против Алберт откако беше отпуштен минатата година. Клод сака компензација за клевета и неправедно отпуштање.

Понатаму во интервјуто, Дејв открива дека Шарлин и нејзината снаа принцезата Керолин „не се пријателки“.

Документите на Палмеро, исто така, наведуваат дека Алберт секоја година троши милиони од неговата тајна француска банкарска сметка за да ги плати своите поранешни љубовници и вонбрачните деца – Јасмин Грималди (31) и Александар Косте-Грималди (20) добиваат по 344.000 фунти годишно.

 

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....