15:40 - 5 ноември, 2026

Радосна вест: Никола Мицевски е првиот Македонец што влегол во финале на музичките награди во Лос Анџелес

Нашиот композитор и пијанист, легендарниот Никола Мицевски постигна огромен меѓународен успех. Стана првиот Македонец кој стигнал во финалето на глобалните музички награди Интерконтинентал мјузик авордс (InterContinental Music Awards- ICMA) во Лос Анџелес.

Тој се пласираше во финалето со неговата фантастична инструментална композиција „TIME“ од албумот ,,Нова ера” (New era).

,,Навистина сум среќен што мојата композиција влезе во конкуренција на многу композиции и музика од целиот свет.
TIME е универзална музика со нота на македонска карактеристика и дух и сум посебно горд и среќен заради тоа.
Овој натпревар е вистинска можност музиката на секој артист да се слушне насекаде во светот.Им посакувам на сите финалисти среќа и успех во финалето”, напиша Мицевски.

Screenshot

Неговото дело е препознаено во категоријата „World Music“, благодарение на уникатниот спој на традиционалниот македонски народен мелос со современи симфониски аранжмани.

Квалитетот на делото беше препознаен и високо оценет од стручно жири составено од холивудски продуценти.

Во ова комплексно дело со свои виртуозни гитарски делници гостува познатиот македонски гитарист Дамјан Пејчиносkи. Прекрасниот видеоспот за оваа тема е во режија на Даниел Јовески.

Преку неговиот пласман, Македонија за првпат се најде на официјалната мапа на финалисти, рамноправно стоејќи покрај музички уметници од над 100 земји ширум светот. Тој е првиот што успеа да го претстави автентичниот македонски народен ритам и инструментален карактер директно пред комисија од врвни холивудски продуценти.

Официјалното прогласување на победниците од финалниот круг ќе се одржи на онлајн церемонија на 23 август 2026 година.

Браво Никола!

Слични објави

„Има денови кога сè на светот е насмевката“: Сопругот ја освојува Ивона Јо со комплименти

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

Емина Јаховиќ проговори за бившиот и разводот: „Немам желба да ја запознаам новата сопруга на Мустафа“

Еспресо

„Родителот што ќе изгуби дете прво ја бара вината во себе“: Јулија Мациевска проговори за болката по смртта на ќерката Андријана

К.С.

Николина Пишек му одговори на Миша Гроф: „Сè уште не сум почнала да ја кажувам вистината за нив, допрва ќе почнам“

Еспресо

(Фото) Мина Костиќ целосно го промени изгледот по тешкиот период: „Повторно оживеав“

Еспресо
Се вчитува....