15:12 - 4 ноември, 2026

Тања Кочовска и Предраг Павловски со нова фотографија покажаа дека семејството им е секогаш на прво место

Тања Кочовска и нејзиниот сопруг Предраг Павловски споделија фотографија на Фејсбук покажаа дека семејството им е секогаш на прво место. Тие деновиве уживаат во патување надвор од земјава.

На социјалните мрежи Тања сподели прекрасна семејна фотографија, на која позираат со нивните две деца Александар (од првиот брак на актерката) и нивната заедничка ќерка Нела.

Facebook

На фотографија им искоментира легендарниот актер Благој Чоревски – Чоре, кој под објавата напиша:
„Вака да терате уште 100 години. Поздрав од Чоревци.“

Неодамна, младата актерка Нела Павловска, ќерката на Тања Кочовска и Предраг Павловски, рече дека е горда на татко ѝ затоа што никогаш не правел разлика помеѓу неа и нејзиниот брат Александар Ендровски, иако Предраг не му е биолошки татко.

Александар е син на Тања од првиот брак со актерот Владимир Ендровски – Љац, кој почина на 20 август 2023 година.

„На Тања сум горда затоа што кај неа ништо не е невозможно. Сè може, сè… Едноставно мислам дека таа жена навистина сè може да направи. А татко ми – најгорда на татко ми сум што никогаш во животот, никогаш нема направено разлика меѓу мене и брат ми, иако брат ми не е негов син. А заедно се од кога брат ми имал шест години. Никогаш не направил разлика. Напротив, тие се екипа“, рече Нела во емисијата „Нешто конкретно“ и додаде дека како помала била малку љубоморна на таа нивна поврзаност.

 

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....