15:11 - 4 ноември, 2026

(Видео) Цеца отпатува за Шпанија – покажа како ужива со ќерка си Анастасија

Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно отпатува во Шпанија за да помине време со својата ќерка Анастасија Ражнатовиќ, која таму живее со години со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудеља.

Фолк-ѕвездата не крие колку ужива во секоја средба со наследничката, па овој пат сподели делови од нивната заедничка атмосфера со своите следбеници на Инстаграм.

Пејачката се оглси од луксузен ресторан, каде што била на ручек со Анастасија.

На видеото, Цеца не ја тргаше насмевката од лицето, а за оваа пригода избра тесен бел фустан кој ја истакнува нејзината витка фигура.

Стајлингот го комплетирала со очила, додека скапиот рачен часовник на раката привлекуваше внимание.

На масата пред Цеца имаше вистинска гозба – се сервираше риба, компири и спанаќ, храна која се смета за една од најздравите, па нема сомнение дека пејачката уживала во вкусен и квалитетен оброк.

Заедно со објавата, таа кратко напишала: „Конечно“, јасно ставајќи до знаење дека ги полни батериите во друштво на својата ќерка.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....