04:08 - 31 мај, 2026

Протече затворското мени на Паф Диди: Шака суви житарки, плескавица од црн грав…

Некогаш познат по раскошните вкусови, Диди сега се соочува со остар контраст во неговите секојдневни оброци во притворскиот центар Метрополитен.

Шон Диди Комбс познат по својот екстравагантен начин на живот и раскошните кралски домови во Лос Анџелес и Мајами, има драстична промена во неговото дневно мени. Во впечатлива промена од рестораните со пет ѕвезди и приватните готвачи, оброците на музичкиот-магнат сега се диктирани од Федералното биро за затвори.

Откако беше одбиен за кауција и приведен во притворскиот центар Метрополитен во Бруклин, познат по убиства, самоубиства и насилства, некогашните раскошни навики за јадење на Диди со заменети со скромни понуди според затворските стандарди. Во објектот, познат по своите тешки услови, претходно биле сместени личности од висок профил како Р. Кели, Гислајн Максвел и Фети Вап.

Утрата за Диди сега започнуваат со појадок кој се затоплува и се сервира во пластика. Веќе не може да ужива во гурмански оброци. Наместо тоа, колачите се заменети со шака суви житарки, кои заедно со парче овошје се носат за појадок. Со опцијата за обезмастено млеко и шолја кафе, почетокот на неговиот ден е далеку од раскошните намази на кои некогаш се препуштал. За некој кој е навикнат на луксуз, едноставноста на оваа нова рутина означува остар контраст.

Ручекот би можел да биде посоодветни за средношколска кафетерија отколку за маса на познати личности. Во зависност од денот, достапна е кајгана, две мали компанчиња, а во најдобар случај една плескавица од црн грав, со прилог од шака боранија, ориз или зелка. Тако од говедско месо е исто така на менито – иако Диди веројатно нема да ги споредува со гурманските верзии што се служеле на неговите поранешни забави. Тоа е нов животен ритам, кој ја отстранува екстраваганцијата на која ја изгради својата јавна личност.

Вечерата во Центарот за притвор Метрополитен се состои од чили мек, стек од Солсбери или печено мисиркино месо, иако Диди може да биде оставен да копнее по кулинарската уметност во деновите пред апсењето. Посебно издвојување за време на викендот е сервирањето парче пица со сирење со спанаќ, многу далеку од личните готвачи што некогаш ги вработувал да ги подготвуваат неговите оброци. Овие оброци нудат вкупно 1.800 калории дневно секако со инаку многу ограничениот живот зад решетки.

Ненадејната промена на Диди од врвот на славата во затворскиот живот следеше по неговото апсење под обвинение за сексуална трговија, рекетирање и киднапирање. Федералната голема порота го обвини дека манипулирал со својата позиција на моќ за да ги контролира и злоупотребува другите, со наводи дека ги принудувал жените на „високо оркестрирани“ сексуални настапи. Овие обвинувања даваат потемна слика за човекот кој некогаш владееше со забавната индустрија.

Затворски чувар тврди дека животот на Шон Комбс е во голема опасност: Неговото убиство би им било „орден на честа“

 

Слични објави

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.
Се вчитува....