17.8 C
Скопје
09:35 - 29 април, 2024

ПОСЛЕДНАТА МИСТЕРИЈА НА ЕДГАР АЛАН ПО: Неговата смрт! Во отворниот гроб бил пронајден сочуван – неговиот мозок

Големиот писател починал во неразјаснети околности, а причината – во тоа време – беше наведена дека е алкохолизам. Но години подоцна доказите сугерираат дека тој бил жртва на една грозна практика во тоа време наречена соработување, а уште поверојатно дека имал тумор на мозокот.

Замислете една мистерија од деветнаесеттиот век која започнува со човек во болнички кревет кој влегува и излегува од несвесна состојба, облечен во облека која не е негова. Кога е буден, тој пелтечи неразбирливи зборови и го извикува името „Рејнолдс“, оставајќи ги сите збунети. Пациентот доживува кратко закрепнување, потоа состојбата нагло се влошува, и вели: „Господи, помогни ѝ на сиромашната душа!“. И потоа, тој умира.

Инстаграм

Не заборавајте, оваа животна приказна се случува во деветнаесеттиот век, а лекарите, не наоѓајќи подобри одговори, утврдуваат дека причината за смртта е алкохолизам. Но, никој не знае што навистина се случило, ниту зошто тој човек бил пронајден во несвест во далечен град, облечен во туѓа облека, откако претјодно исчезнал пет дена.

Изгледа како совршен случај за Шерлок Холмс, инспектор Морс или Огист Дупин – измислен лик создаден од Едгар Алан По. Можеби само за Дупин овој случај би бил лесен, имајќи предвид дека мистеријата се однесува на смртта на неговиот творец.

На 7 октомври 1849 година, По почина под мистериозни околности на 40 -годишна возраст. Неговиот живот беше краток, но полн со драми и турбуленции, понекогаш поради околностите на самиот негов живот, друг пат поради неговите постапки.

Писателот го постави стандардот за хорор и го измисли жанрот мистерија. Речиси 170 години откако го испушти последниот здив, никој сè уште не знае што навистина се случи со Едгар Алан По.

Од неговите најрани денови, животот на По беше тежок. Во 1842 година, сопругата на По, Вирџинија се разболе од туберкулоза. Тој цели пет години се бореше со тагата, несебично помагајќи ѝ на Верџинија, за време на нејзината болест. Во тој период многумина го нарекоа писателот „луд, со долги интервали на ужасна разумност“. Јасно е, никогаш шишето не му беше странец, но за време на болсета на Вирџинија, се засилија неговите склоности кон алкохолот. Сепак, по смртта на Вирџинија, По почна да излегува од темнината. Неговата кариера тргна во нагорна линија и, по совет од доктор, се поврза со „Синовите на умереноста“ и, најверојатно, доживеа трезвеност. Тој исто така се вери со жената што ја сакаше уште од колеџ, и планираше да се ожени со неа по краткото патување во Њујорк. Но, тие брачни завети никогаш нема да бидат реализирани. На 27 септември 1849 година, По го напушти Ричмонд за да замине за Њујорк. Поминал низ Балтимор на 28 -ми, бидејќи траектот кратко застанал, а оттаму неговите траги биле изгубени. Тој никогаш не се појави на Менхетен каде го чекаа, и цели пет дена никој не знаеше каде е.

Повторно се појави на 3 октомври, денот на изборите, лежејќи на земја пред кафаната „Gunner’s Hall“ облечен во чудна облека. Ова го забележал новинар на „Балтимор Сан“, зачуден кога го сретнал големиот писател во неговата држава. Новинарот објавил дека писателот се појавил „во голема болка и има потреба од итна помош“. Потоа, новинарот го однел По во болница, а тој таму починал неколку дена подоцна.

Дебатата за причините за смртта се фокусираше речиси исклучиво на проблемите со алкохолизмот на писателот. По почина од „застој на мозокот“ – учтив начин да се каже дека многу пиел. Теоријата беше поддржана и од Руфус Вилмот Грисволд, литературен критичар и непријател на По, кој го напиша неговот некролог за „Њујорк трибјун“.

инстаграм

„Оваа објава ќе запрепасти многумина, но малкумина ќе бидат тажни“, напишал Грисволд во своето сеќавање, подоцна реобјавено од весниците низ целата земја. „Поетот беше познат, лично или по слава, низ оваа земја; имал читатели во Англија и во многу европски држави, но имал малку или воопшто немал пријатели; и жалењето за неговата смрт главно ќе се сведе на загуба во литературната уметност- на една од своите најсветли, но непостојани sвезди“.

Додека Грисволд и многумина што го познаваа По истакнаа дека тој е добро познат пијаница, други тврдеа дека ја прифатил трезвеноста подоцна во животот, иако тоа не гарантира дека тој немал делириум во Балтимор. Но, Џон Моран, доктор на По во последните денови од неговиот живот, забележал дека „текот на неговата болест не е во согласност со фаталниот исход од труење со алкохол“.

И така, повеќе од сто години беснееја шпекулации, а листата на теории за неговата смрт беше долга, вклучуваше дури и сифилис, колера, дијабетес, епилепсија, туберкулоза, труење со јаглерод моноксид и проблеми со срцето. Други пак, претпоставуваа дека бил претепан до смрт или убиен,  иако доказите сугерираат дека тој бил жртва на една грозна практика во тоа време наречена соработување. Имено, во тоа време, политичарите ангажираа локални послушници кои киднапирале случајни мажи на улица, ги „полнеле“ насилно со алкохол или дрога, а потоа ги испраќале да гласаат одново и одново, секогаш облечени во различна облека. Фактот дека писателот бил пронајден мртов на изборен ден и згора на тоа маскиран, ја направи оваа хипотеза веродостојна.

Сепак, поновите студии не ги отфрлија медицинските причини. Во 1996 година, истражувачите од Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд објавија извештај за теорија дека симптомите на По може да се следат во случај на беснило. Во 2007 година пак, додека ги истражувал последните денови на По за да напише роман, писателот Метју Перл откри индиции дека По може да имал тумор на мозокот.

Дваесет и шест години по смртта на По, надлежните на гробиштата каде што бил погребан (на погребот присуствувале само седум лица) одлучиле да го подобрат неговиот гроб. Процесот вклучувал ексхумација и поместување на неговото тело, процес објавен со изненадување во локалните весници, по набљудувањето на  состојбата на мозокот на По: „Мозочната маса … не покажа знаци на распаѓање , иако, очигледно, таа донекаде се намалила.“

Во консултација со форензичарите, Перл открил дека е невозможно мозокот на По да бил сочуван. И дојде до констатација дека масата што била прикажана пред присутните можела да биде тумор, тврд и смален, што претходно го зафатил мозокот. Истражувањето на Перл додаде уште една веродостојна теорија на долгата листа на можни решенија за последната, а можеби и најголемата, мистерија на По, која продолжува до денес.

„Гардијан“ пак, ја дозасоли оваа приказна и напиша „можеби имал тумор на мозокот, а во меѓувреме бил убиен од некој“.

Слични објави

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо
Се вчитува....