3.8 C
Скопје
08:19 - 10 март, 2026

Пет производи што смеете да ги јадете и пиете на полноќ

unsplash

Колку пати ви се случило да огладнете доцна навечер, но веднаш ви текнува дека безброј пати имате прочитано дека по 19 часот не е здраво ниту препорачливо да јадете? Паѓате во искушение да направите сендвич, да земете некои грицки, но сепак се откажувате и гладни одите на спиење. Тоа не треба да биде така, бидејќи постојат производи што ќе ве заситат, а нема да го загрозат вашиот здрав начин на живот.

Зобена каша – докажано е дека јаглехидратите ослободуваат серотонин, кој го смирува мозокот. Порција зобена каша со млеко е најдобар избор пред спиење.

Сок од цреши – едно истражување од 2011 година, докажало дека две чаши сок од цреши дневно (наутро и навечер), го зголемува нивото на мелатонин, кој го прави сонот поквалитетен.

Топло млеко – чаша млеко пред спиење е стар рецепт за добар сон. Покрај тоа што содржи аминокиселина триптофан, која се поврзува со спиењето, делувањето на овој пијалак најмногу е психолошко.

Јаткасти плодови – богати се со магнезиум, кој има смирувачки ефект на мозокот и го подобрува квалитетот на сонот. Бадеми, ореви и кикирики се само некои од плодовите што секогаш морате да ги имате дома.

Нискокалорично сирење (кашкавал) – калциумот има слично дејство како и магнезиумот кога станува збор за спиењето. Стручните лица препорачуваат околу 50 грама сирење (или кашкавал) дневно, кое може да го јадете со крекери.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Стана мајка на 19 години, а вдовица на 45: Тажната животна приказна на Јелица Сретеновиќ

apostolova

Марија Шерифовиќ земала 2 работи од канцеларијата на Саша Поповиќ: Едната ја користел 30 години!

E.A.

(Фото) Од центарот на градот во својот зелен рај: Погледнете ја куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

Еспресо

„Сите ја коментираат сличноста“: Еве што ги поврзува Теа Таировиќ и настапот на Бед Бани на Супербоул

Е.А.

Рада Манојловиќ откри: „Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

E.A.
Се вчитува....