18.8 C
Скопје
10:08 - 1 мај, 2024

Овие деца еден ден ќе владеат со светот! (ФОТО)

Иако британските наследници принцот Џорџ и принцезата Шарлот се во водство со својата популарност и експонираност во медиумите, има уште многу кралски деца кои воодушевуваат со својата појава.

1. Принцот Кристијан

14-годишниот принц Кристијан е најстарото дете на данскиот принц Фредрик и принцезата Мери.

Profimedia

Тој е роден на 15 октомври 2005 година, моментално оди во основно училиште, а интересно е дека е првиот член на кралското семејство кој запишал државно училиште. Исто така, втор е во ред за титула за крал, веднаш после татко му Фредрик кој ќе ја наследи актуелната кралица Маргарета Втора.

Profimedia

Кристијан ги има помладите сестри Изабела и Жозевин, како и братот Винсент, па сите заедно се појавуваат на многу настани покрај своите родители.

2. Принц Хисахито

Преслаткиот принц Хисахито е најстарото дете и единствениот син на јапонскиот кралски парапринц Акишин и неговата сопруга Кико. Со оглед на тоа дека е единствениот машки наследник, тој е тред во редот за титулата на цар во земјата каде сонцето изгрева.

Profimedia

Се смета дека како прво машко родено дете во јапонското кралско семејство за 45 години од дневниот ред ја отстрани можната уставна криза предизвикана со невозможноста жена да ја наследи круната. Името Хисахито значи спокоен и честит.

Profimedia

Ова 13-годишно момче со секое свое појавување во јавноста ја воодушевува нацијата, така што секаде го пречекуваат со почит. Тој исто така има и две постари сестри, принцезите Мако и Како.

3. Принцезата Амалија

Profimedia

Принцезата Амалија од Насау е луксембуршката 5-годишна принцеза и најстарото дете на принцот Феликс и принцезата Клер.

Profimedia

Иако ова семејство не е на сите насловни страници од познатите светски магазини, мора да се признае дека се едно од поубавите кралски семејства, а малата принцеза маѓепсува со својата преслатка насмевка.

Две години после Амалија, среќниот пар доби уште една ќерка, принцезата Лијам.

4. Принцезата Елизабет

Целосното име ѝ е Елизабет Терезија Марија Хелена, родена е на 25 октомври 2001 година и по раѓањето ја стекна титулата на принцеза.

Profimedia

Најстарото дете на белгиската кралица Матилда и кралот Филип, кој на власт дошол кога неговиот татко Алберт Втори абдицирал во 2013 година.

Оваа 18-годишна русокоса моментално оди во приватно средно училиште во Брисел, а во слободно време младата принцеза се занимава со танц и учење на странски јазици. За сега таа течно зборува холандски, француски и германски.

Profimedia

Исто така, на многу кралски венчавки во својата земја таа е во улогата на деверица, а кога таа го имаше првиот кралски ангажман во чест на сите погинати од Првата светска војна, таа одржа емотивен говор кој ги воодушеви сите присутни.

Тоа е само дел од она што ја очекува некој ден, со оглед на тоа што е прва во редот за наследување на белгиската круна.

5. Принцезата Естела

Profimedia

7-годишната принцеза Естела е најстарото дете на шведската принцеза Викторија и нејзиниот сопруг принцот Даниел.

Со оглед на тоа што нејзината мајка Викторија е следна на ред за тронот, тоа малата Естела ја прави втора во редот за престолот.

Исто така, таа е прво женско дете во историјата кое  се родило со право на наследување на круната и тоа со директно право, а не поради тоа што не родиле машки наследници.

Profimedia

6. Принцезата Габриела и принцот Жак

Profimedia

Најмладите членови на кралското семејство од Монако, близнаците Жак и Габриела имаат 5 години. Двете дечиња во декември 2015 година, ги развеселија принцезата од Монако Шарлин и нејзиниот сопруг принцот Алберт Втори.

Profimedia

За принцезата ова се први деца, а принцот Алберт Втори има 2 вонбрачни деца. Со оглед на тоа дека се деца од различен пол, според традицијата престолот ќе го наследи синот. Раѓањето на Жак и Габрила било одбележано со 42 пукања од топ. Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлин се во брак веќе 6 години.

7. Принцезата Ингрид Александра

Profimedia

Норвешката принцеза Ингрид Александра е најстарото дете на принцот Хокон и втора во редот за наследување на круната од својот дедо кралот Херолд Петти.

Кога ќе стане кралица, ќе биде втората женска личност која го наследила тронот на норвешката монархија.

Profimedia

15-годишната принцеза оди во државно училиште, бидејќи нејзините родители сакале да има нормално детство и да не се истакнува по ништо од своите врсници и пријатели.

8. Принцезите Леонор и Софија

Сестрите Леонор и Софија се преслатките ќерки на шпанската кралица Летиција и кралот Филип Шести. Ова 4-члено семејство често оди на заеднички патувања ширум светот.

Profimedia

Иако физички се многу слични, па многумина мислат дека се близначки, Леонор има 14, а Софија 10 години.

Со секое свое појавување во јавноста, тие воодушевуваат со својата пристојност, манири и фантастичниот стилски вкус кој очигледно го наследиле од мајка си, позната по разновидните модни комбинации кои никого не оставаат рамнодушен.

Profimedia

Девојките одат во приватно училиште во околината на Мадрид, каде настават освен на шпански, ја слушаат и на англиски, а покрај тоа учат и кинески.

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Ѕвезда до ѕвезда: Викторија Бекам објави нови фотографии од нејзината роденденска забава

еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ позираше во вежбална: Водителката ја покажа долната облека

Еспресо

„Жал ми е за секој развод, некогаш е неизбежен“: Мелина експресно раскрсти со Харис Џиновиќ

Еспресо

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо
Се вчитува....