13.8 C
Скопје
14:25 - 18 декември, 2024

Нека се најдат на вашата славска трпеза – Посни салати за Св. Никола (РЕЦЕПТИ)

На 19 декември многу семејства кај нас слават Св. Никола. Славата е посна, а тоа им задава уште поголема главоболка на домаќинките кои јадењата кои ќе ги послужат треба да ги приготват ем посни ем вкусни.

Со цел да не се измачувате во потрагата што да подготвите, ние ви нудиме неколку идеи кои ќе ви ослеснат кога станува збор за салатите.

Руска (посна) салата

profimedia

Потребни состојки:

– 2 конзерви сардина
– Посен мајонез
– 4 помали моркови
– 4 кисели краставици
– 1 поголем компир
– 300g грашок
– Сол, бибер

Подготовка:

Сварете ги и исечкајте ги на коцки компирот, морковите и грашокот , а потоа ситно исечкани додадете ги и киселите краставици и сардините. Посолете и ставете бибер по желба, а потоа додадете го и посниот мајонез откако салатата добро ќе се олади. Салатата, по желба, можете да ја направите и без сардина.

Макало од компир, суви пиперки, праз

profimedia

Потребни состојки:

– неколку компири
– неколку суви пиперки
– праз
– сол
– зејтин

Подготовка:

Компирите се варат и пасираат, а сувите пиперки се варат. Празот се сецка ситно и треба да се истолчи малку со сол. Од сувите пиперки со лажиче се собира месото под лушпата и се толчи. Компирите, празот и пиперките се мешаат, се ставаат зачини по желба. Може да се додаде зејтин да се изврие и прелие смесата.

Макало од модри патлиџани

profimedia

Потребни состојки:

-1 печен модар патлиџан
-2-3 чешниња лук
-магдонос
-ореви (по вкус)
-сол, бибер
-маслиново масло
-маслинка за украсување

Подготовка:

Модриот патлиџан, се лупи и се гмечи со вилушка. Модриот патлиџан се става во еден сад и му се додаваат сол, маслиново масло, ситно сечкани лук, ореви и магдонос и се меша се убаво. Се украсува со маслинка.

Салата со сенф

profimedia

Потребни состојки:

– 3 моркови
– 4 компири со средна големина
– 10 кисели краставици
– 1 полна лажица сенф
– 2 лажици масло
– 1 лажица оцет
– Малку шеќер
– Сол
– Бибер

Подготовка:

Сварете ги морковите и компирите во солена вода, потоа исцедете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Краставиците исто така, исечкајте ги и додадете ги во компирите и морковите.
Претходно добро измешајте ги оцетот, шеќерот, маслото и сенфот и додадете ги откако варените компири и моркови добро ќе се оладат.

Шарена салата

profimedia

Потребни состојки:

– 300g интегрален ориз
– 100g грашок или боранија
– 100g млади тиквички
– 1 зелена пиперка
– 1 црвена пиперка
– 2 моркови
– Чешне лук
– Малку магдонос
– Сок од половина лимон
– 100g кисели краставички
– Бибер
– Сол

Подготовка:

Во зовриена вода ставете ги тиквичките, пиперката и морковите исечкани на коцки, а потоа и грашокот и белиот лук. А, потоа и оризот, сокот од лимон и зачините. Варете 15 до 20 минути додека не се свари оризот, а потоа додадете ги и исечканите кисели краставици. На крајот можете да додадете и малку ореви.

Салата со компири – Лесна, а многу вкусна

профимедиа

Потребни состојки:

1 кг компири
2 црвени кисели пиперки
3-4 кисели краставички
2 главици црвен кромид
вегета
сол
магдонос
оцет

Подотовка:

Се вари компирот со лушпата, па додека е топол се лупи и се сече ситно. Во посебен сад се сече кромидот, се посолува и се ситни со вилушка. Се додаваат две сечкани кисели црвени пиперки, 3-4 кисели краставички, како и зачините и магдонос, па сè убаво се меша. Се става масло и оцет и се додава смесата на компирот. Промешајте и сервирајте декорирано по желба.

Слични објави

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо

„Добивав страшен ќотек!“: Милица Дабовиќ проговори за семејното насилство и односот со татко ѝ

Еспресо

(Фото) Меган Фокс е бремена: Актерката на 38 години го очекува четвртото дете!

Еспресо

(Видео) Кралот Чарлс на тајна древна духовна церемонија во борба со ракот: Медитација, јога и други активности за подмладување

еспресо
Се вчитува....