-0.2 C
Скопје
21:19 - 21 јануари, 2026

НАЈПОЗНАТАТА ПОРНО ЅВЕЗДА НА СИТЕ ВРЕМИЊА ЏЕНА ЏЕЈМСОН СЕ БОРИ СО ТЕШКА БОЛЕСТ: Не можам да одам, не можам да стојам на нозе, болеста не ја добив од вакцината!

Џена Џејмсон, претприемачка и режисерка, една од најпознатите порно ѕвезди на сите времиња, денес се бори со голем здравствен предизвик. Таа инаку, се откажа од порно улогите и го промени својот живот, сосема посветена на своето семејство. Актерката всушност има близнаци од врската со професионалниот боксер Тим ​​Ортиз и ќерка со сегашниот партнер Лиор Битон. Меѓутоа, во последно време нејзниот живот се преврти „наопаку“. Џена моментално е во болница на Хаваи каде е хоспитализирана по неколку навидум необјасниви напади на повраќање.

Партнерот на Џена со видео објавено на Инстаграм пред неколку дена раскажа за нејзината здравствена состојба. Последователно, и поранешната порно ѕвезда сакаше да ги поздрави следбениците на социјалните мрежи и да им се заблагодари за поддршката:

„Здраво дечки, најпрво благодарам за љубовта и поддршката што ми ја испративте преку приватни пораки“.

А потоа откри што и се случува: „Лекарите се сомневаат дека имам синдром Гилијан-Баре и веќе го започнав третманот со имуноглобулин. Во болница сум и ќе останам додека не заврши лекувањето. Се надевам дека ќе излезам наскоро“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson Bitton (@jennacantlose)

Овој конкретен синдром во последните месеци беше идентификуван како многу редок ефект од вакцината Џонсон и Џонсон.

Токму поради оваа причина, актерката сакаше да прецизира: „Не ја добив болеста од вакцината. Ова не е реакција на вакцина“. Појаснување кое е навистина неопходно за да се избегнат контроверзи кои, неминовно, наскоро би пристигнале. Под објавата има многу пораки со поддршка од колегите и обожавателите, кои ѝ влеваат сила и храброст.

Во видеото Џејмсон објасни некои последици од нејзината болест, а еден од нив е тешкото движење и одење.

Гилен-Баре синдромот е всушност акутна воспалителна полиневропатија од автоимун тип. Синдромот се смета за многу сериозна невролошка болест, во која се менува поларитетот на човечкиот имунолошки систем, и почнува да ги уништува сопствените клетки – невроните. Ова придонесува за развој на автономни дисфункции, а во отсуство на навремено лекување, се јавува парализа.

инстаграм

Во деновите по хоспитализацијата, актерката се соочи со огромен замор што ја спречува да оди и да застане сама на нозе. И Џена и нејзиниот партнер им ветија на следбениците дека ќе продолжат да ги известуваат за здравствената состојба на Џена.

Слични објави

Лепа Брена со солзи за Кемал Монтено и спомен што боли: „Боба и јас не сакавме да спие по хотели…“

Еспресо

Мика Алексиќ погребан со хор: Еве кои јавни личности се појавија на погребот на обвинетиот режисер

Еспресо

(Фото) Каспер со дијамантски прстен ја запроси Мина Костиќ во живо во емисија: Таа рече „да“, па се прекрсти

Еспресо

Колеги ја обвинуваат Мина Костиќ за кражба на бакшиш: „500 евра ги задржа за себе!“

Еспресо

(Фото) Вистинско изненадување: Меган Трејнор стана мајка по третпат и сподели трогателна објава

Еспресо

Шабан Шаулиќ години славеше Свети Јован, иако беше муслиман

Е.А.
Се вчитува....