20.8 C
Скопје
01:35 - 18 август, 2026

Мистериозниот фраер од експлицитната порака на Дара Бубамара бил дел од шоуто „Љубовен остров“?

Словенецот Борис Видовиќ, кој минатото лето учествуваше во светски популарното ријалити шоу „Љубовен остров“ (Love Island), деновиве е во фокусот на јавноста поради шпекулации дека токму тој е мистериозниот маж од експлицитната гласовна порака на Дара Бубамара.

Видовиќ се истакна во шоуто со својот специфичен акцент и отворен флерт со учесничките, а во еден момент имаше и најмногу гласови од публиката. Сепак, по раскинување со една од девојките, неговиот рејтинг опаднал и тој испаднал непосредно пред финалето.

Во изјава за медиумите, тој откри како функционира продукцијата зад камерите, нагласувајќи дека најголемиот дел од тоа што се гледа на телевизија е автентичен.

Фото: Инстаграм

„Сè е реално, отприлика како што изгледа на ТВ. Нема големи тајни, само постојат моменти меѓу снимањата што не се прикажуваат – како дружење, разговори или чекање. Но суштината е иста“, изјави Видовиќ.

Тој додаде дека во моментов не е во врска со ниедна учесничка од шоуто и дека не размислува за учество во регионални ријалити формати, иако не ја исклучува таа можност во иднина.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија бројни шпекулации дека токму тој е мажот за кого зборува Дара во гласовната порака што со денови ја бранува јавноста. Иако тоа не е официјално потврдено, Видовиќ дополнително ги подгреа сомнежите со своја објава.

Тој објави видео со песната „Опасан“ од Дара Бубамара, при што кратко напиша: „Кажуваат сè и сешто“, што многумина го протолкуваа како индиректна реакција на актуелните гласини.

Инаку, Видовиќ најави дека наскоро се враќа во Дубаи, каде ќе ја продолжи својата манекенска кариера и ќе работи на нови проекти.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ по грешка објави приватна фотографија од бањата

E.A.

(Фото) Сопругот ја истетовирал Каја Остојиќ на раката: Пејачката покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Никој не ја препозна Цеца на аеродромот – пејачката со капа и очила остана целосно незабележана

Еспресо

(Видео) Емотивен момент во Охрид: Слаткар ја бакна Сања додека ја пееше песната со која ја запроси

Еспресо

Хари Мата Хари почнал да настапува и на свадби: Имал само едно барање до организаторите

Еспресо

Семејството Џиновиќ на луксузни дестинации: Ѓина во Шпанија се вози со приватен хеликоптер, Мелина ужива во Монако

Т.Ц.
Се вчитува....