Роден како Исур Денијелович Демски, тој е син на неписмени руски мигранти, а ги има одиграно некои од најпознатите улоги во филмската историја, од Спартак и Винсент ван Гог до Док Холидеј.
Холивудската икона Кирк Даглас тврди дека доживеел сто години благодарение на неговата сопруга Ен Бајденс Даглас (100), со која успеал да се опорави од сите неволји што му ги донел животот.
Преживеал мозочен удар што му го променил говорот и го принудил да престане да глуми пред две децении. Тој се опорави без поголеми последици од хеликоптерската несреќа во 1991. година, а смртта на неговиот син Ерик во 2004. година му оставила огромна празнина.
„Среќен сум што пред 63. години ја пронајдов сродната душа и верувам дека нашиот прекрасен брак ми помогна се да преживеам сето ова“, рекол Даглас во едно интервју.
Убавата Ен ја запознал во 1953. година за време на снимањето на филмот „Акт на љубовта“ во Париз, две години откако се распаднал неговиот прв брак со актерката Дајана Вебстер, со која ги доби синовите Мајкл и Џоел. Славниот актер изјави дека веднаш бил привлечен од смислата за хумор кај Ен.
Иако убавицата од германско потекло сметала дека Кирк е згоден и шармантен, таа не сакала да има работа со холивудските актери. Сепак, хемијата била посилна, па една година подоцна, во 1954. година, тие го изговориле судбоносно „да“ во Лас Вегас.
„Никогаш не мислев дека нашиот брак е единствен. Се заљубив во една девојка и по повеќе од шеесет години сè уште ја сакам“, открил познат актер во едно интервју.
Пред три години, тој објави поетската книга наречена „Животот може да биде стих“, која ја посвети на својата сопруга, а во една од неговите песни истакнува дека љубовта започнува на осумдесетгодишна возраст.
Во последните две децении, Кирк и Ен се посветија на филантропијата. Тие изградија 400 училишни игралишта во Калифорнија и формираа центар за третман на Алцхајмерова болест. Кога ќе го напуштат овој свет, нивните средства ќе припаднат на некоја добротворна организација.
Семејството Даглас повторно се собра за да прослави, а на Инстаграм му честиташе неговиот внук Камерон, од синот Мајкл.
„Среќен роденден Папи, ти си подарок на светот, ѕвезда водилка и моја инспирација“, порача Камерон.
Роденденот на свекорот му го честита и Кетрин Зита Џонс која покрај фотографијата на Инстаграм напишала: „Ова момче на моето колено денес го слави 103. роденден. Среќен родендн Папи. Те сакам со целото мое срце!“.