09:01 - 7 ноември, 2026

Кувајт нема да го гледа „Барби“, пред да го забрани овој и уште еден филм, барале бришење на некои сцени

Кувајт го забрани прикажувањето во своите кино-сали на светскиот филмски хит „Barbie“ поради „навреда на јавниот морал“, објавија во четвртокот кувајтските власти.

Последните месеци неколку американски филмски хитови лоши минаа во земјите на Блискиот исток поради истакнување на хомосексуални и трансродови лица.

„Прикажувањето на филмивте ‘Barbie’ и ‘Talk To Me’ е забрането“, изјавил претседателот на комисијата за кинематографска цензура Лафи Субајиеј, пренесува државната новинска агенција Kuna.

Објаснил дека кувајтските власти може да забранат сѐ што претставува повреда на јавниот морал, јавнио ред и традициите со воведување на туѓу идеи во општеството.

„Пред носењето на одлуката, властите барале бришње на некои соблазнителни и непристојни сцени кои поттикнуват на неприфатливо однесување“, изјавил Субајиеј, без да прецизира за што точно станува збор.

Либанскиот министер за култура во средата изјави дека побарал забрана за „Barbie“, оценувајќи дека ја промовира хомосексуалноста, во контекстот на јакнењето на анти-ЛГБТИ реториката во една од најлибералните блискоисточни земји.

Главниот кувајтски дистрибутер во понеделникот објави дека властите го забраниле прикажувањето на австралискиот хорор „Talk To Me“ во кој глуми трансродовиот актер Зои Тирејкс кој себеси се идентификува како „небинарен“, но кој експлицитно не го споменува движењето за правата на ЛГБТ+ заедница.

Слични објави

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо
Се вчитува....