Водителката Јована Јеремиќ, која во моментов се опоравува од естетска операција за корекција и зголемување на градите, привлече внимание при прошетката низ улицата „Кнез Михаилова“ во Белград. За време на прошетката со пријателите, таа влезе во еден бутик чиј сопственик реши да ѝ подари голем број парчиња облека.
Јована не ја криеше радоста и изрази благодарност за овој гест, истакнувајќи дека секогаш чувствувала голема поддршка и почит од луѓето кои ги среќава.
View this post on Instagram
Водителката најави дека на малите екрани и во добро познатата утринска програма се враќа на 28 август, откако целосно ќе заврши нејзиниот период на закрепнување.
Покрај естетските и телевизиските новости, Јована подготвува и своја прва книга посветена на нејзиниот покоен татко, за која најавува дека ќе донесе отворени и сурови вистини кои ќе ја одбележат претстојната есен.
