5.8 C
Скопје
16:51 - 26 декември, 2024

Харизматичниот вампир Едвард кој ги маѓепса обожавателките: Стар сум веќе и досаден!

Роберт Патинсон (33) се прослави со улогата на вампирот Едвард Кален во филмскиот серијал „Самрак сага“, а за две години ќе го гледаме во римејкот на Мет Ривз за „Бетмен“. Иако некогаш на секој чекор го следеа возбудени обожавателки, Патинсон сега е убеден дека таквата масовна „манија“ за неговиот лик и дело, повеќе никогаш нема да се повтори.

„За среќа таа хистерија настана наеднаш, но и брзо исчезна. Искрено, повеќе никогаш не сакам да ги видам луѓето кои пред мојата куќа ме чекаат во „заседа“. Не верувам дека нешто такво би се повторило, бидејќи сум стар и досаден“, рекол актерот во интервју за Sunday TODAY со Вили Гејст.

Instagram

Тој се присетил и на аудицијата за „Самрак“ која ја опишал како многу непријатно искуство.

„Мислев дека нема да поминам. Морав да одглумам една сцена во која Едвард е со гитара. Ми рекоа на аудицијата: O, си донел гитара со себе, сакаш нешто да отсвириш? Воопшто не се подготвив за таа ситуација, па реков дека само ја донесов со себе. Не сакав да свирам. Тоа им беше многу чудно. После тоа се чувствував ужасно, дури и на родителите им реков дека беше вистински кошмар. Но, на крајот сепак ја добив улогата“, раскажал Патинсон.

Тој наскоро ќе стане Бетмен и така ќе биде вториот најмлад актер кој ќе работи на Бетмен, после Кристијан Бејл, кој на 31 година го глумеше Бетмен во филмот „Бетмен: Враќање“, а филмот ќе излезе во киносалите дури во јуни 2021 година.

Роберт неколку години беше во врска со колешката Кристен Стјуарт (29), а минатата година имаше гласини дека се смириле. Заедно дојдоа на забавата на нивната колешка Лили Роуз Деп (20), ќерката на Џони Деп (56), а неколкупати излегле надвор заедно на цигара.

Instagram

Американската актерка Кристен во последните неколку интервјуа открила дека навистина го сакала актерот и колегата од сетот на филмската франшиза „Самрак“, пишува магазинот People. Иако не му беше верна, признава дека сакала да се омажи за него.

View this post on Instagram

#tbt

A post shared by Robert Pattinson (@robertpattinsonofficial) on

„Со години бевме заедно, Тој е мојата прва љубов: Не сакавме да се држиме за рака додека одевме по улица, бидејќи не сакавме да им дадеме материјал за фотографирање. Од друга страна, не можев да го фатам својот дечко за рака“, рекла Кристен која тврди дека освен нејзиното неверство, на нивното раскинување влијаеле и папараците.

Profimedia

„Да ме запросеше ќе се омажев за него. Иако не сум традиционална жена, за него мислев дека тој е вистинскиот“, додала Стјуарт.

 

Слични објави

Синот на Шабан Шаулиќ доби син: Гордите родители на момчето му дадоа име со хебрејско потекло

Еспресо

(Фото) Уживаат во љубовта: Горан Алачки и Марина Дојчиновска на одмор на Малдивите

apostolova

(Видео) Весело на слава кај Миа Костова: Ги собра најблиските во винарија за Св. Никола!

apostolova

Хороскоп за 3 декември: На Рибите и Овните паметот ќе им го мати некој од минатото

Еспресо

Хороскоп за 1 декември: Девиците ќе добијат неочекувана порака од некој што им се допаѓа

Еспресо

Старлетата Ава Карабатиќ најави: Ќе се кандидирам за претседателка на Хрватска!

Еспресо
Се вчитува....