08:08 - 2 септември, 2026

(Фото) Свадба од бајките: Синот на Драгана Мирковиќ блесна покрај саканата на венчавка во Италија

Свадбата и крунисувањето на љубовта на двајцата секогаш е најдобрата причина за славење.

Марко Бијелиќ, синот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, очигледно е вљубен до уши во својата партнерка Мелани, со која ужива во љубовта.

Овој пар стана вистинска сензација на социјалните мрежи, а Марко неодамна сподели колаж од фотографии од нивното патување во Италија, каде уживале во романтичен заеднички одмор.

Марко и Мелани ја напуштиле Австрија и отпатувале во еден италијански град, каде потполно се опуштиле. Во текот на престојот во Италија, тие биле гости на свадба, а колку биле дотерани и елегантни покажуваат објавените фотографии.

Марко избрал светол костум, кој совршено одговарал на неговиот стил, додека Мелани блескала во долг фустан во боја на циклама, кој имал длабок шлиц, истакнувајќи ја нејзината атраквитна фигура.

Парот изгледал како вистински моден пар, кој ги маѓепсал сите присутни на свадбената веселба.

Иако Марко е претежно познат по тоа што на социјалните мрежи споделува фотографии од тренинг и теретана, неговата љубовна приказна со Мелани стана незаменлива тема меѓу неговите следбеници. Двојката во последно време отворено ја покажува својата среќа, а нивната врска предизвика бројни коментари и интерес во јавноста.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARKO (@markobjlc)


Марко неодамна проговори за врската со Мелани, која е русокоса со атрактивен изглед, и покажа дека е среќен што нашол личност со која ужива во животот.

Нивната врска очигледно цвета, а љубовните моменти кои ги поминуваат заедно само потврдуваат колку се вљубени.

Мелани, иако јавноста досега не знаеше многу за неа, сега стана позната како партнерка на Марко, а тие очигледно уживале во своето патување, градејќи ја својата врска далеку од очите на јавноста.

 

 

 

Слични објави

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Новинарот Сунаи Сабриоски: Прилеп нема центар, туку срце што отчукува

Еспресо

Јована Јеремиќ се огласи откако сопственик на дуќан ѝ „подари половина продавница“

E.A.

„Немаше финансии да ме поддржи, но ме туркаше напред“: Ивона Јо со нераскажана приказна за покојниот татко

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

Легендата за „Трескавец“ – манастирот што „сам“ го избрал своето место

Т.Ц.
Се вчитува....