16:46 - 4 ноември, 2026

(Фото) Ова се вика рај на земјата: Нина Бадриќ покажа дел од својата куќа на Хвар, обожавателите воодушевени

По исклучително успешна и работна година, исполнета со објавување на нов албум и престижни музички награди, една од најпопуларните хрватски пејачки, Нина Бадриќ (54), се огласи на социјалните мрежи за да го сподели со своите следбеници почетокот на долгоочекуваниот одмор.

Својата оаза на мир ја пронашла, како и многупати досега, на хрватскиот остров Хвар, остров што со љубов го нарекува свој втор дом. Преку серија летни фотографии, таа го открила и својот единствен, но многу важен план – да ја усоврши уметноста на ленчарење.

„Мојот одмор може да започне! Бавно, лесно, забавено движење и повторувања секој ден додека не го усовршам ленчарењето“, напишала пејачката со објавата која брзо собра илјадници лајкови и коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Фотографиите што ги споделила совршено ја доловуваат атмосферата на целосно опуштање: Нина во лежерно издание на камената тераса со поглед на тиркизното море, додека друштво ѝ прави нејзиното куче, а на другите фотографии се гледаат деталите што го прават нејзиниот дом на Хвар удобно засолниште.

Бадриќ со ова јасно ставила до знаење дека е време за заслужен одмор по годината во која го издаде својот нов албум „Моји људи“, а нејзиниот сингл „Жив“ (Alive) во мај беше прогласен за хит на годината на доделувањето на наградите „Story Hall of Fame“. Нејзините верни обожаватели веднаш ја опсипале со позитивни коментари, порачувајќи ѝ дека одморот ептен го заслужила.

„Уживај, убавино моја и нека секој момент ти биде убав онака како што заслужува твоето големо чисто срце“, е само една од пораките.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Слични објави

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо
Се вчитува....