23:28 - 7 ноември, 2026

(Фото) Георгина Родригез прошета низ Венеција инспирирана од Бјанка Ценсори: Мрежа и шлиц до бутовите

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, беше гостинка на филмскиот фестивал во Венеција. Иако Џорџина не е поврзана со светот на кинематографијата, како влијателна инфлуенсерка (со 62 милиони следбеници на Инстаграм), таа соработува со многу брендови кои ѝ обезбедуваат покани за филмски фестивали ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Вчера попладне Георгина слета во Венеција со приватен авион и веднаш на своите следбеници им го покажа првиот моден изглед, инспирирана од Бјанка Ценсори: Џорџина се појави на островот Лидо во маица, микро шорцеви и мрежести хулахопки.

Сепак, за црвениот тепих во вечерните часови, таа избра облека која веќе одговараше за оваа пригода: бел елегантен фустан со раскошно деколте и шлиц до бутовите во комбинација со впечатлив накит.

Во снежнобелиот фустан 30-годишната Георгина изгледа како невеста. Можеби ова ѝ беше добро обмислено, бидејќи во изминатиот месец на социјалните мрежи се шпекулираше за тајната венчавка на Георгина Родригез и Кристијано Роналдо, а подоцна, во едно интервју тој јавно ја нарече негова сопруга. Сепак, ниту еден од нив сè уште јавно не ја потврдил веста за венчавката (но и не ја демантираше).

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....