4.8 C
Скопје
03:39 - 7 октомври, 2026

Десерт што освојува на прво залче: Ванилин колач со вишни

Овој десерт е вистинско уживање

Состојки:

За кората:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици топла вода
  • 4 рамни лажици бело брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 лажиче цимет
  • 60 г мелени лешници
  • 1 прашок за печиво

За филот од вишни:

  • 300 мл вода
  • 5 лажици шеќер
  • 1 пудинг од јагода
  • 300 г исчистени вишни
  • 5 г желатин

За филот од ванила:

  • 400 мл млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 ванили
  • 5 лажици шеќер
  • 400 мл милерам
  • 5 г желатин

За глазурата:

  • 100 г чоколадо
  • 3 лажици масло
Приготвување:

1. За приготвување на кората белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврста пена, постепено додавајќи шеќер.

2. Потоа се додаваат една по една жолчките и се долева вода во тенок млаз, непрекинато матејќи со миксер.

3. Посебно се соединуваат белото брашно, какаото, циметот, прашокот за печиво и мелените лешници, па се додаваат во смесата од јајца.

4. Пекачот се обложува со хартија за печење и во неа се истура смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200°Ц околу 15 минути.

5. За приготвување на филот од вишни се варат 250 мл вода со шеќер.

6. Посебно се миксираат вишните со 50 мл вода, па се соединуваат со пудингот од јагода. Смесата се додава во зовриена вода и се вари, со непрекинато мешање додека се згусне. Се додава набабрениот желатин и се меша додека се растопи.

7. Филот се прелева преку кората и се остава да се стегне.

8. За приготвување на филот од ванила се варат 300 мл млеко со шеќер. Во остатокот од млекото се мати пудингот од ванила, па се додава во зовриеното млеко и се вари додека се згусне.

9. Се додава набабрениот желатин во ванилинот колач со вишни и се меша додека се растопи. Во топлиот фил се додава и милерамот. Филот од ванила се прелева преку изладениот фил од вишни.

10. Преку изладениот фил од ванила се разлева чоколадна глазура.

Извор: Добра храна

Слични објави

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо

Јелена Спенџарска доживеа необична средба во такси во Скопје: „Возачот ми покажа наша фотографија стара повеќе од една деценија“

Еспресо

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ секојдневно се слушаат — нивната ќерка наскоро се сели во Милано

Еспресо

(Фото) Медениот месец не ѝ започна според планот – Аница Лазиќ ја опиша драмата на патот кон Италија

Еспресо

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova
Се вчитува....