06:51 - 29 ноември, 2026

Ѕвездата од „Паркот Јура“ има рак во напредна фаза: „Работата е во тоа што веројатно умирам“

Сем Нил, ѕвездата на филмот „Паркот Јура“ е тешко болен. Имено, му била дијагностициран трет степен на лимфом, односно зголемени лимфни јазли.

Оваа информација актерот ја откри во својата нова книга, поточно мемоарите „Дали некогаш го кажав ова“, кои ги започна со болна приказна.

„Работата е во тоа што веројатно умирам. Ќе морам малку да ја забрзам оваа приказна“, започнал актерот, а пренесува „Гардијан“.

Работата го исполнува, па сакал да биде психички активен за време на неговата болест.

„Се најдов во ситуација да немам што да правам. Се навикнав да работам. Сакам да работам. Ми се допаѓа да одам на работа. Сакам да бидам опкружен со луѓе и да уживам во нивното друштво и приказни. Одеднаш бев далеку од се. Си помислив, што ќе правам сега? Никогаш немав намера да напишам книга, но кога почнав да пишувам, сфатив дека таа всушност ми даде причина за живот и ќе легнев мислејќи: „Утре ќе пишувам за тоа, ќе ме забавува. . Сè уште ме одржува, вели Нил и нагласи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SamNeillTheProp (@samneilltheprop)

„Не можам да се преправам дека минатата година не беше најтемна. Но, од таа темнина произлезе светлина и олеснување. Благодарен сум за секој ден што ми е даден. Среќен сум што се уште сум жив“.

Инаку, веднаш по промоцијата на филмот „Паркот Јура“ му беше дијагностициран рак на лимфните јазли.

Кариерата на актерот ја красат бројни улоги, како „Лов на црвениот октомври“, „Ултимејт хоризонт“, како и главни улоги во трите продолженија на „Паркот Јура“

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....