19:07 - 3 ноември, 2026

Зуица Лазова наполни 52 години – Наум Петрески не пропушти да ѝ запее на роденденската прослава

Познатата фолк-пејачка Зуица Лазова го прослави својот 52. роденден со музика, песна и во друштво на сопругот, пејачот Наум Петрески.
На фотографиите што ги објави на Фејсбук се гледа дека прославата поминала во весела атмосфера, со музичари кои свиреле во живо. Наум ѝ запеал на својата сопруга, додека таа насмеана уживала во музиката.

May be an image of violin, accordion, harp and text
Зуица и Наум се еден од најпознатите музички и љубовни двојки на македонската естрада. Заедно се повеќе од две децении и имаат две деца, ќерката Македонка и синот Стефан, кои исто така се занимаваат со музика. Во 2022 година Наум и Зуица се венча во Охрид.
Во едно од претходните интервјуа Зуица со многу љубов зборуваше за својот сопруг и откри со што ја освоил.
„Наум ме освои со стасот, со гласот, особено со смислата за хумор, но најмногу со неговата душа како планина“, рече Зуица.

May be an image of one or more people and violin
Таа тогаш зборуваше и за тајната на нивната долга љубов.
„Верувам дека не постои врска без несогласувања, но ние успешно ги надминуваме досега. Тоа што сме колеги некогаш е предност, но пак, некогаш е товар. Но, на крај љубовта решава сѐ!“, изјави пејачката.
Зуица е родена во Штип на 31 октомври 1974 година. Освен што е позната по своите настапи и народни песни, таа работи и како професорка по хармоника во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.
За својот 50. роденден, во 2024 година, го претстави музичкиот проект „5 за 50“, со пет композиции, а и годинава не изостанаа музиката, доброто расположение и љубовта на нејзиниот сопруг Наум.

Facebook

Слични објави

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.

(Видео) Ова е свршеницата на Војаж со која доби дете: Се занимава со јавна работа, но ја чува приватноста

Еспресо

„Тијана плачеше на секоја моја песна“: Тамара откри како сестра ѝ реагирала на новиот албум, а раскажа и што најмногу сака да пее малата Хана

Еспресо
Се вчитува....