Марија Панчева, 20-годишната ќерка на фудбалската легенда Дарко Панчев и поранешната манекенка Маја Панчевa, за годинашната Ноќ на вештерките избра костим инспириран од познатите ангели на модниот бренд „Викторијас сикрет“.
Младата Марија на социјалните мрежи сподели фотографии од својата гламурозна трансформација, во која доминираат големи бели ангелски крилја и впечатлива модна комбинација.
Таа носеше бел корсет, кратко здолниште со цветни детали и високи потпетици. Со овој изглед потсети на препознатливите креации што манекенките ги носат на спектакуларните ревии на „Викторијас сикрет“.

На фотографиите Марија позира и со своја пријателка, која исто така се одлучила за костим со ангелски крилја.

Инаку, Марија Панчева веќе ги прави своите први чекори во модната индустрија. Неодамна учествуваше на неколку ревии во рамките на Моден викенд Скопје, каде што имаше можност да се претстави на домашната модна сцена.
