Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ не ја крие радоста поради успесите на својот најстар внук, Жељко, кој очигледно покажува талент и за фудбал. Неодамна нејзиниот син Вељко објави снимка од тренинг на момчето, на која се гледа како постигнува гол. Видеото толку многу ја воодушевило пејачката што и самата го споделила на своите приказни на социјалните мрежи.
Снимката привлече внимание и меѓу нејзините следбеници, кои во коментарите упатиле бројни позитивни реакции за малиот Жељко и неговиот спортски успех.

Вељко Ражнатовиќ претходно јавно зборуваше и за тоа како неговите деца ја ословуваат познатата пејачка. Тој открил дека најстариот син ја вика Цеца по име, нешто со кое воопшто не се согласува.
„Погрешно е што ја викаат Цеца. Постариот, Жељко, така ја вика, а тоа е погрешно. Таа му е баба на тоа дете. Нема да ја вика: „Цецо“, исто како што ни мене нема да ме ословува со „Вељко““, изјавил тој во една пригода.
Вељко тогаш објаснил и дека ниту тој својата мајка не ја ословувал со нејзиното лично име, Светлана, туку со „мамо“.
