16:27 - 8 ноември, 2026

Злоставување, силување, третмани со електричен шок: Околу 256.000 деца биле жртви во Нов Зеланд од 1950 до 2019 година

Околу 256.000 деца, млади и ранливи лица биле психички, физички и сексуално злоставувани во државни и верски институции во Нов Зеланд, покажа извештајот за насилството врз децата во таа земја.

Во извештајот, објавен од Кралската истражна комисија, се наведува дека во периодот од 1950 година до 2019 година биле злоупотребени над 256.000 од вкупно 655.000 колку што минале низ државните и верски институции.

Децата, некои на возраст од девет месеци, со години трпеле злоставување, кое вклучувало и силување и третмани со електричен шок. Тие биле злоставувани од вработените во психијатриските и државните институции, свештени лица или згрижувачки родители.

Најчесто станува збор за физичко, емоционално, психолошко, медицинско, воспитно, духовно и културно занемарување на децата и на младите. Дискриминацијата и расизмот од страна на владини претставници биле широко распространети во државните и верските институции.

Во Извештајот се наведува дека злоупотребата го чинела секој поединец околу 857.000 долари, а општеството во целина над 217 милијарди долари. Повеќето од преживеаните биле изложени на насилство и злоупотреба на возраст од пет до 17 години, иако случаи на злоупотреба се јавуваат на возраст од девет месеци до 20 години.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....