26.8 C
Скопје
09:13 - 22 јуни, 2026

Зеленски: „Има повеќе жртви во Бородјанка отколку во Буча“, „За да ги оправдаат убиствата, Русите ги користат мртвите како украси, како реквизити за пропаганда“

Во новата видео порака украинскиот претседател го поздравува враќањето на некои амбасади во Киев – на турското, литванското и словенечкото дипломатско претставништво. Меѓу другото, нагласува: „Имаме работа со напаѓачи на кои не им остана ништо човечко. За да ги оправдаат своите убиства, тие ги користат мртвите како украс“.

„Има повеќе жртви“ во Бородјанка отколку во Буча, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата традиционална вечерна видео порака. Бородјанка и Буча се наоѓаат северозападно од главниот град Киев и неодамна се вратија под украинска контрола.

„Секое злосторство ќе биде казнето и секој џелат ќе биде пронајден“, додаде Зеленски.

Непосредно пред тоа, украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова објави дека се пронајдени 26 тела под урнатините на две бомбардирани станбени згради во Бородјанка, град кој пред војната имал нешто повеќе од 13.000 жители. Според локалните власти, 200 лица се водат како исчезнати.

„Има се повеќе информации – продолжува шефот на украинската држава – дека руските пропагандисти подготвуваат, така да се каже, спекуларен одговор. На шок на сите нормални луѓе од она што го видоа во Буча, ќе ги покажат жртвите во Мариупол, како да не ги убила руската војска, туку украинските бранители на градот.

Окупаторите – рече подоцна Зеленски – ги собираат труповите по улиците, ги изнесуваат и ги користат на друго место според развиените пропагандни сценарија. Имаме работа со напаѓачи на кои не им останува ништо човечко. За да ги оправдаат сопствените убиства, ги користат мртвите како украси, како реквизити за пропаганда. И ова е посебно воено злосторство, за кое ќе одговара секој руски пропагандист“, рече украинскиот претседател.

„Дипломатските претставници од другите држави се враќаат во главниот град. Вчера се врати турската амбасада, денеска се врати литванскиот амбасадор, словенечката амбасада продолжи со работа во Киев. Искрено сум им благодарен на пријателите на Украина кои не поддржуваат токму онака како што треба. На ниво на симболи, на ниво на дипломатски гестови. Се работи за храброст“, додаде Володимир Зеленски во својата порака, велејќи дека очекува да се сретне со сите претставници на странските дипломатски претставништва кои се вратија во Киев, пренесува раињуз.

Слични објави

(Фото) Најпознатата српска инфлуенсерка во солзи поради сопругот, голманот на Курасао: „Мислев дека ќе добијам срцев удар“

Еспресо

Дневен хороскоп за 22 јуни: Очекувајте отворен разовор со блиска личност

apostolova

Лидија Вукиќевиќ по долго време проговори за партнерот: „Никогаш не дозволив во мојата куќа да влезе некој со кого ќе си легнам во кревет“

E.A.

Бидете уникатни – подарете рачно изработени свеќи инспирирани од убавината на природата

Еспресо

Погребана мајката на Бајага  — jа преживеа голготата во Јасеновац, а музичарот само еднаш проговори за тие стравоти

E.A.

Неделен хороскоп од 21 до 28 јуни: Рибите ќе имаат одлична динамика во љубовниот живот, Биковите ги очекува авантура

Т.Ц.
Се вчитува....