20:13 - 7 ноември, 2026

Здравко Чолиќ ги откри скромните желби за Новата 2026 година: „Колку ќе се заработи – ќе се заработи, најважно е здравјето“

Еден од најомилените регионални уметници на Балканот, Здравко Чолиќ, пред околу две и пол години настапи во Бар, а публиката очигледно повторно посака да ужива во неговиот моќен вокал, безвременските песни и енергичниот, емотивен концерт.

Чолиќ пееше пред околу 30.000 луѓе, цели три часа без пауза, а во публиката беа и неговите ќерки Уна и Лара. И покрај студениот ветер и ниската температура, присутните бараа бис.

„Кралски, легенда, ваква атмосфера може да направи само Чола. Музичка икона на Балканот“, беа само дел од коментарите на публиката по концертот.

„Среќен сум што повторно ме побараа. Имаше иницијатива да пеам во Бар за Нова година. Новата година е посебен ден, повеќе како фешта. Ми е драго што пак се дружиме во Бар и навистина се радувам на концертот“, изјави Чолиќ.

Говорејќи за желбите во Новата година, Чолиќ истакна дека на прво место го става здравјето.

„Да бидеме здрави, да можеме да работиме, да се бакнуваме, да се гушкаме и да се сакаме. Колку ќе се заработи — ќе се заработи. Важно е здравјето, мирот меѓу нас и да нема проблеми какви што, за жал, постојано гледаме во светот. Тоа е првото што човек може да си го посака“, рече пејачот.

Чолиќ откри и дека би сакал да одржи концерт со симфониски оркестар во Црна Гора.

„Во октомври настапивме во Подгорица, со два концерта во спортската сала. Можно е летово да направиме нешто. Ќе видиме. Би било убаво да се случи нешто со симфониски оркестар — тоа го сакам, еден посериозен, поинаков концерт. Но, полека, ќе видиме“, заклучи Чолиќ.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....