32.8 C
Скопје
17:12 - 9 септември, 2026

Застрелана популарна инфлуенсерка, вооружени лица ѝ наредиле да го запре моторот што го возела

Инфлуенсерката Самја Силва (21) била брутално убиена во Бразил, откако вооружени лица ѝ наредиле да го запре моторот што го возела.

Како што пренесува „Дејли мејл“, Самја била нападната откако со своите пријателки излегла од ноќен клуб во градот Терезина, Бразил.

Инфлуенсерката го возела својот мотор со уште две пријателки, кога двајца мажи на мопед и наредила да застане. Како што се наведува во полицискиот извештај, таа одбила и побегнала со другарките.

Вооружените напаѓачи испукале шест куршуми кон Силва, при што била констатирана смрт на лице место. Двете нејзини пријателки не биле повредени. Истрагата сè уште е во тек.

Убиената инфлуенсерка има повеќе од 60.000 следбеници, кои ја обожаваа нејзината фигурата и работата и секојдневно ги коментираа нејзините фотографии. Таа беше љубител на тетоважи, мотори и ноќен живот.

Слични објави

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.
Се вчитува....