10.8 C
Скопје
01:16 - 28 септември, 2026

Во Словенија, по налог на македонските власти, во притвор е еден од Хрватите соработници на Мухамед Зекири

Во екстрадициски притвор во Словенија е Даниел Иванагиќ, хрватски државјанин, косопственик на компанијата Интерхолдинг, која се споменува во случајот со притворањето на поранешнииот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири и Македонска пошта. Иванагиќ е притворен по налог на македонските власти и се чека на негова екстрадиција во Македонија.

Меѓутоа, откако на Зекири му е одреден куќен притвор од здравствени причини, откако речиси еден месец бил во Инфективната клиника во Скопје поради труење, како што дознаваме, одбраната на Иванагиќ се повикува на извештаите за лошите услови во македонските затвори и на овој неразјаснет инцидент. Негативен е годишниот извештај за условите во македонските затвори на народниот правобранител на Македонија. Слични негативни заклучоци за македонските затвори има и во извештајот на Комитетот за превенција на тортура и нехуман третман
Иванагиќ, според македонски Интерпол, е осомничен за помагање на Зекири во наводната злоупотреба на службената положба и овластувања при изработката на студијата за реструктуирање на Македонска пошта.

Зекири негира дека во овој случај има каква било злоупотреба на службената положба. Македонските истражни органи сега го чекаат притворот за Иванагиќ во еден од македонските затвори за да може под нивен надзор да добијат негови искази против поранешниот генерален секретар.

Обвинителството сѐ уште работи на прибирање на доказите и чека на исказите на Иванагиќ. Но, од другата страна има сериозни сомневања за труењето на Зекири за кое сѐ уште не е официјално соопштено од што настанало и можноста за повторување на случајот и кај другите осомничени во овој случај.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 8 април соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и против, тогаш генералниот секретар на Владата.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....