05:40 - 28 ноември, 2026

(Видео) Викторија Јаначковиќ отворено: „Не си скромна сестро слатка, кога носиш кратка сукња“

Поранешната манекенка, а сега стоматолот, Викторија Јаначковиќ, уште еднаш покажа дека нема влакна на јазикот кога станува збор за новиот бран на однесување кај помладите генерации.

Зборувајќи за лажната скромност и начинот на кој многу девојки се претставуваат во јавноста, таа упати директна и остра порака во емисијата „Нешто конкретно“.

​„Јас сум скромна. Како си скромна, а си облекла сукња до тука? Не си ти скромна, сестро слатка“, гласи реченицата со која Викторија ги прокоментира девојките кои се обидуваат да сокријат одредени аспекти од својот животен стил или карактер зад маската на скромноста.

Таа посочи дека многу девојки живеат во илузија, обидувајќи се да се прикажат како нешто што не се, особено кога станува збор за морални вредности и скромност.

Наместо вообичаените дипломатски одговори, Викторија избра искреност, нагласувајќи дека публиката и околината многу добро препознаваат кога некој глуми „фина девојка“.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....