20.8 C
Скопје
08:42 - 9 септември, 2026

(Видео) Сопругата на Канје Вест речиси гола и со мачка во раце: Мајтап на сметка на Ким Кардашијан

На свој начин, Бјанка ги потсети сите на приказната за неуспешното запознавање на Ким Кардашијан со мачката на Карл Лагерфелд.

28-годишната сопруга на американскиот рапер Канје Вест, Бјанка Ценсори, за време на последното вечерно излегување во Мајами, не само што се појави во уште многу провокативен моден избор, туку и се мајтапеше на сметка на поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан, пишува Дејли Меил.

Имено, Бјанка беше облечена во сребрено микро-бикини и чудна сребрена капа, а на нозете имаше проѕирни чевли со крзно. Модниот изглед го комплетираше голема бела мачка (играчка), која Ценсори ја држеше прицврстена за градите.

Нејзиниот сопруг беше облечен во вообичаената црна модна комбинација, со кожено палто, кожни ракавици, а на главата носеше црна долга марама која наликува на ракав од дуксер.

Многумина во новиот иизглед на Ценсори видоа мајтапење на сметка на приказната за мачката Шупет на дизајнерот Карл Лагерфелд и средбата со Ким Кардашијан. Кога ријалити ѕвездата се подготвуваше за Мет Гала во 2023 година, таа беше желна да се појави на црвениот тепих со мачка во раце. Меѓутоа, Шупет не беше расположена за таков тандем и за малку ќе ја гризнаше Ким за време на нивното запознавање. И така, ѝ пропадна планот заедно со мачката да се појави на црвениот тепих.

Бјанка, која се омажи за Канје минатиот декември, претходно ја критикуваше Ким и ја обвини дека ја „загрозува“ безбедноста на нејзините деца, откако таа тврдеше дека Вест живее во станот без обезбедување.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.
Се вчитува....