16:07 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) ШТО ПРАВИ ВАШЕТО КУЧЕ ДОДЕКА СПИЕТЕ: Преслатката Лола ќе ве освои од прва!

лола

Британката Грејс Чепмен објави слатко видео на „TikTok“ во кое покажува што прави нејзиното куче во додека таа спие. На снимката се гледа кученцето кое шета по кујнските елементи и има неодолива дремка на електричен шпорет.

„Зошто не можам повеќе да го оставам моето кученце само во кујната“, напиша Чепмен во видеото што е прегледано скоро четири милиони пати на „TikTok“.

@grace_chapman11Naughty Lola … ##puppy ##cavapoo ##naughtypuppy♬ Mission Impossible Theme (Movie Trailer Mix) – Dominik Hauser

На снимката се гледа кучето по име Лола како скока од подот до пултот во кујната, пред да тргне на весела прошетка по целата работна површина за подготовка на храна. Очигледно незадоволна од својот обичен кревет, таа се сместува во аголот на работната плоча, најблиску до камерата.

Дури и тогаш не заврши со својата прошетка, па реши да се врати на другиот крај пред конечно да се одмори на исклучениот електричен шпорет.

@grace_chapman11Reply to @albani_gomez … wow you guys really wanna see more Lola… ##naughtypuppy ##cavapoo ##lola♬ That’s Just My Baby Doge – Chicky Milky

Лола, која е мешавина меѓу кавалерски шпаниел на кралот Чарлс и пудлица, „за казна“ морала да се пресели во куќичката за кучиња откако нејзините сопственици дознале за нејзините ноќни авантури во кујната.

@grace_chapman11Apparently you guys wanna see Lola jump… ##cavapoo ##lolathecavapoo ##naughtypuppy

♬ Inside Their Head – TT remix

Љубителите на кучиња брзо се вљубија во Лола, па под видеото почнаа да се редат бројни комплименти, велејќи дека е најслатка, споредувајќи ја со нинџа, благодарение на нејзините пргави скокови, а еден од корисниците на „TikTok“ предложи Лола да биде новиот Џејмс Бонд.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....