10:32 - 28 ноември, 2026

(Видео) Шпанија под метар снег, бурата Џулиета ја подоги и Мајорка: „Ова е најмногу снег што сме виделе“

Бурата „Џулиета“ оваа недела ја пустоши Шпанија, носејќи со себе големи количини снег на медитеранските Балеарски Острови, силни ветрови и температури од -16 Целзиусови степени. Најтешко беа погодени Балеарските Острови, островите спроти источниот брег на Пиринејскиот полуостров, познати по блага и пријатна клима што ги направи рај за европските туристи, особено најголемиот остров Мајорка.

принтскрин

„На некои места на северот на Мајорка, повеќе од еден метар снег падна во последните 24 часа на надморска височина над 800 метри“, изјави портпаролот на државната метеоролошка агенција АЕМЕТ Рубен дел Кампо, кој додаде дека станува збор за „необична количина на снег“.

Мајорка беше погодена и од силни ветрови со налети до 117 км/ч, објави АЕМЕТ, како и силен дожд, а локалните весници објавија дека на многу места наврнале повеќе од 100 литри на метар квадратен. Дождот најверојатно е причина за неколку свлечишта во Палма де Мајорка, а најголемиот остави зад себе дупка со дијаметар од осум метри и длабока четири метри на патот.

Снег падна и во Сан Себастијан, во Баскија, на северот на земјата и во Каталонија, на североисток, каде подигнати делови од Барселона и крајбрежните населби јужно од каталонската престолнина осамнаа под снег.

„Ова е најмногу снег од март 2018 година во Барселона“, изјави Рубен дел Кампо.

Слични објави

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо
Се вчитува....