15:19 - 8 ноември, 2026

(Видео) Ретро-бомбардер Б-17 се судри со друг авион на аеромитинг во Далас

Американски ретро-бомбардер Б-17 се урна откако се судри со друг авион на аеромитингот „Вингс над Далас“ во Далас, Тексас, пренесува ABC News.

Портпаролот на пожарникарството и спасувањето во Далас, Џејсон Еванс, рече дека двата авиони се судриле околу 13:30 часот (22:30 часот по средноевропско време) на воениот аеродром во Далас.

Утврдено е дека во несреќата учествувал Боинг Б-17, бомбардер од Втората светска војна. Околу 14.00 часот (по американско време) Еванс рече дека нема информации за состојбата на пилотите или за жртвите на теренот.

Очевидци јавуваат дека остатоците од судирот се расфрлани на автопатот 67. Подоцна беше соопштено дека дел од патот е блокиран за сообраќај.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....